Дели Хасан

село во Валовишко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Дели Хасанmap
Remove ads

Дели Хасан или Дели Хасан Маала (грчки: Μοναστηράκι, Монастираки; до 1923 г. Ντελή Χασάν, Дели Хасан[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 168 жители (2021). Сè до 1924 г. било населено со мнозинство Македонци и малцинство Турци и Роми.[3]

Кратки факти Дели Хасан Μοναστηράκι, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото е сместено во Серското Поле, на 45 км северозападно од градот Сер и западно од Бутковското Езеро, во подножјето на планината Круша, на надморска височина од 90 м.[3]

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Дели Хасан било мешано македонско-турско село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Дели Хасан (Dèli-Hassan) имало 33 домаќинства со 70 жители Македонци и 18 муслимани.[4]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Дали Асан, на 12 час од Старошово, во подножјето на Круша; чифлик на поројчанецот Емин беј. 20 турски куќи, 30 Македонци и 10 Роми.[5]

Христијанското население било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Дели Хасан имало 475 жители, од кои 280 Македонци, 140 Турци и 55 Роми.[6] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дели Хасан имало 480 Македонци под врховенство на егзархијата и во селото работело бугарско училиште.[7]

Во Првата балканска војна, 2 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[8]

До 1912 г. Дели Хасан бил чифлик на Емин-бег од с. Долно Порој.[9]

Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 511 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 295 лица.[3] Во 1923 година, името на селото било променето во Монастираки (Μοναστηράκι).[2]

Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција, а вкупно 222 Македонци принудно биле иселени во Бугарија. На нивно место се населиле 79 бегалски семејства (вкупно 300 бегалци), така што селото повторно станало мешана населба.[3]

Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 313 жители.[3]

Remove ads

Стопанство

Населението произведува многу тутун, жито, памук и други земјоделски производи, а делумно се занимава со сточарството.[3]

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Беласица со седиште во селото Станица Порој, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Бутково, во кој е влегуваат и селата Бутково, Ќутахли и Старошево.

Културни и природни знаменитости

Цркви

Личности

Родени во Дели Хасан

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads