Коларица
село во Леринско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Коларица или Коларци (грчки: Μανιάκι, Мањаки; до 1960 г. Μανιάκη; до 1927 г. Κολάρτζα, Коларѕа[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 484 жители (2011). Сè до 1920-тите било населено со Турци.[3]
Remove ads
Географија
Селото е сместено 12 км северно од Чалџиево, 20-тина километри источно од Суровичево и 25 км северно од Кајлари.[3] Лежи во котлината Сариѓол, на источниот брег на Островското Езеро, спроти селото Пателе.
Историја
Во Отоманското Царство
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Коларица:
„ | Село Колацка со 70 муслимански куќи. Данокот им е 10.000 пијастри. Жителите се занимаваат со земјоделство и сточарство. Го носат името „сариѓолчани“. Земјиштето на селото е голо, без дрвја.[4] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Коларица имала 250 жители Турци.[5]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 460 жители кои во 1920 г. нараснале на 541 лице.[3] Во 1920-тите, по сила на Лозанскиот договор, жителите се иселени во Турција, а на нивно место властите довеле грчки колонисти од Понд. Во 1927 г. селото е преименувано во Мањаки.[6] Во 1928 г. Коларица е заведена како наполно дојденско село со 219 жители од 58 семејства.[7]
Во 1960-тите дошло до големо опаѓање на населението поради масовно иселување во поголемите градови, иако состојбата се подобрила во текот на 1970-тите, кога бројноста се повратила на поранешно ниво.[3]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Населението произведува тутун и грозје, а делумно е застапено и сточарството.[3]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads