Д’мбенска Планина

планина во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Д’мбенска Планина (Малимади, Буче, Костолата или Орлово; грчки: Μπούτσι, Буци или Μάλι Μάδι, Мали Мади) — планински масив во западниот дел на Егејска Македонија кој достигнува 1.795 м. Сместен е во јужниот дел на општината Преспа, по границата со Албанија. Крајните југозападни делови на Д’мбенска Планина (гледана во целина) влегуваат во Албанија. Значаен дел од овие планински краишта спаѓаат во историско-географската област Корешта.

Кратки факти Д’мбенска Планина, Највисока точка ...
Remove ads

Географски одлики

Геолошка градба

Планината е изградена од седиментни карбонатни карпи, главно бело-сиви тријаски и јурски варовници, а во помала мера и доломити. Има и силикатни карпи. Варовниците се силно закарстени, со мноштво типични површини и подземни облици.[1][2]

Врвови

Највисока точка е врвот Буче (или Бучје; Ανεμοδαρμένη, Μπούτσι или Πυραμίς) со 1.795 м близу с. Брезница.[3]

Други врвови на планината, дадени по висински редослед, се следниве:[4][5][6][7][8][9][10]

Повеќе информации Име, Грчки ...

Клима

Климатските одлики на Д’мбенска Планина се исти како оние на соседниот масив Корбец.

Води

Д’мбенска Планина е безводна планина на чии била нема реки со постојан тек. Причина за ова е геолошката градба и претежно карастниот карактер на планината. Планинското било се одвонува од разни кратки суводолици, од кои позначајна е Осово кај Габреш.

Remove ads

Населени места

Во границите на Д’мбенска Планина има 9 села. Од нив три се во Албанија — Капештица, Трстеник и Курила.

Во Егејска Македонија (т.е. во денешна Грција) се селата Смрдеш, Брезница, Габреш, Д’мбени, Косинец, Света Недела и напуштеното село Лобаница.

По јужните падини има пет историски села — Колишта, Селско (или Горјани), Свети Јован, Свети Илија и Умени, напуштени од жителите во немирните времиња на XIX век за да го основат денешното село Косинец.

Во османлиско време Д’мбенска Планина била населена претежно со Македонци. По војните на почетокот од XX век, селата претрпеле значајни промени како во бројноста на жителите, така и во нивниот етнички состав. Некои села значително се смалиле, а други биле напуштени поради масовната преселба во Бугарија, САД, Канада, Австралија и други држави. Со прогонувањето на Македонците, дел од населението се преселило во денешна Македонија. Грчката управа на нивно име населила влашки и грчки семејства, додека пак деволските села го зачувале својот мешан македонско-албански или наполно албански карактер.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads