Тајна ослободителна македонска организација

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тајна ослободителна македонска организација
Remove ads

Тајна ослободителна македонска организација (ТОМО) — македонска организација основана на 20 јануари 1945 година по иницијатива на Вангел Ајановски-Оче, кој бил и нејзин раководител. Во раководството на организацијата влегувале: Марика Самаренова, Ристо Кордалов, Туши Кераметчиев, Ташко Хаџијанов и Вангел Шармандов-Илинденски.

Thumb
Дел од одредот на ТОМО на чело со Туши Кераметчиев

Центар на дејност бил градот Воден со околните села. Веднаш по нејзиното создавање напредните Македонци, членови на грчката комунистичка партија - КПГ масовно ја напуштаат и влегуваат во ТОМО. А тое се Мирка Гинова, Апостолаки Василев, Ристо Буковалов, Ташко Мамуровски, Ставро Камчев, Вани Калајџиев, од градот Воден повеќето македонски активисти на КПГ - Дини Кузев, Алеко Легинаров, Туши Умалиев, Перикли Паскалов, Никола Проев, Марика Самаренова, Дора Кајмакова, Велика Ајановска, Дора Поченова, Петре Шорев, Ели Родичева, Александра Бобова.

Разграноци на организацијата биле создадени во неколку воденски села.

Повеќе информации Список на воденски села каде што дејствувале чети на ТОМО, Раководители ...

Истовремено со организациската мрежа е формиран и партизански одред во месноста „Гаганец“ над селото Кронцелево, а седиштето му била на Ниџе. На конференција на 28 април 1945 година во месноста „Тупче“ меѓу Кронцелево и Волкојанево организацијата е преименувана на Народно-ослободителен фронт - НОФ.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads