Ташко Георгиевски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ташко Георгиевски
Remove ads

Ташко Георгиевски (15 март 1935 13 април 2012 ) — македонски раскажувач, романописец и филмски сценарист од Кронцелево, Воденско, егејскиот дел на Македонија. Во современата македонска книжевност внел изворни теми со изразита национална боја. Главна тема во неговите дела се трагичните прогонства и преселби на егејските Македонци, нивните несреќи и раселувањето по Граѓанската војна во Грција. Во 1983 година станал дописен член на МАНУ, а во 1988 година станал редовен член.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Георгиевски е роден на 15 март 1935 г. во селото Кронцелево, Воденско. Во 1946 година, заедно со семејството, пребегал во НР Македонија, најпрвин во селото Старавина (Мариово), потоа во прилепското село Долнени и во Гаково, Војводина. Средното училиште го завршил во Скопје, а потоа студирал југословенска книжевност на Филолошкиот факултет, но не ги завршил студиите, туку се оженил по што заминал на извршување на воената обврска. Имал три деца. Работел во редакцијата на весникот „Млад борец“ и во списанието „Современост“, а потоа како уредник во Македонската телевизија и во издавачките куќи „Мисла“ (во два наврати) и „Македонска книга“.[2] Починал на 13 април 2012 во Скопје, на возраст од 77 години.[3]

Remove ads

Книжевно творештво

Георгиевски дебитирал на книжевната сцена во 1952 година, кога го објавил својот прв расказ, а четири години подоцна ја објавил и првата книга. Тој е автор на следниве дела:[4][5][6]

  • „Ние зад насипот“ (раскази, 1956)
  • Луѓе и волци“ (роман, 1960)
  • Ѕидови“ (роман, 1962)
  • Суви ветрови“ (раскази, 1964)
  • Црно семе“ (роман, 1966)
  • Змиски ветар“ (роман, 1969)
  • Црвениот коњ“ (роман, 1975)
  • Куќа под калето“ (раскази, 1978)
  • Време на молчење“ (роман, 1978)
  • Рамна земја“ (роман, 1981)
  • „Плоча на животот“ (автобиографски записи, 1987)
  • „Кајмакчалан“ (роман, 1992)
  • (филмски сценарија, 1997)
  • „Исчезнување“ (роман, 1998)

Покрај тоа, тој е автор на три филмски сценарија („Црно семе“, „Црвениот коњ“ и „Жолтиот трендафил“), четири радио-драми („Огнови“, „Пепелта на моето огниште“ и „Борис Тушев“ и „Сандак со срцето на татко“) и две телевизиски драми („Недела“ и „Очите на синот“).[7]

За своите дела е добитник на наградите: „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Стале Попов“ и „Рациново признание“.

Remove ads

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads