Крњево

село во Општина Кавадарци From Wikipedia, the free encyclopedia

Крњевоmap
Remove ads

Крњево — село во Општина Кавадарци, во областа Бошава, во околината на градот Кавадарци.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на селото

Селото се наоѓа во западниот дел од Општина Кавадарци, во средното сливно подрачје на реката Бошава, од нејзината лева страна, а чиј атар се допира со просторот на Општина Демир Капија.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 450 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 26 километри.[2]

Има голем атар, кој зафаќа површина од 40 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 2.660 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 108 хектари.[2]

Селото се наоѓа на ниска тераса на левата и присојничава страна на реката Бошава, во подножјето на планината Кожуф. Има издолжен облик. Било поделено на Горно и Долно Маало.[3]

Remove ads

Историја

Во XIX век, Крњево било село во Рожденската нахија во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Селото има полјоделска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Крњево имало 131 жител, сите Македонци христијани.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[5]

Крњево е мало село, коешто во 1961 година имало 280 жители, а во 1994 година 50 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Крњево имало 33 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 12 жители, од кои 9 Македонци и 3 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Како родови во Крњево се споменуваат:[3]

  • Старинци: Мијајлевци (5 к.)
  • Доселеници: Таневци (4 к.) доселени се околу 1855 година од манастирот Бошава (Долна Бошава); Дрчевци-Габеровци (5 к.) доселени се околу 1860 година од селото Драчевица; Кумановци-Лефковци (2 к.) доселени се околу 1865 година од селото Конопиште; Стрмашевци-Јовановци (2 к.) доселени се околу 1870 година од селото Стрмашево; Петревци (2 к.) доселени се околу 1875 година од селото Бохула; Јаниќијовци (2 к.) доселени се околу 1886 година од селото Страгово; Бачовци (3 к.) доселени се од селото Чемерско; Скандевци (1 к.) доселени се околу 1890 година од селото Конопиште; Луковци-Ицовци (1 к.) доселени се во 1900 година од селото Бунарче. Уште подалечно потекло од селото Барово; Атанасовци-Галабовци (2 к.) доселени се од околу 1900 година од селото Горни Дисан; Настовци (1 к.) доселени се во 1900 година од селото Конопиште; Чипиндијовци (1 к.) доселени се околу 1900 година од селото Стрмашево; Камчевци (2 к.) доселени се во 1913 година од селото Стрмашево; Гечковци (1 к.) доселени се во 1913 година од селото Горна Бошава, а таму од селото Долна Бошава; Николовци (1 к.) доселени се во 1916 година од селото Конопиште; Николиќи (1 к.) дошол Перо, и купил земја и се населил овде. Се оженил со девојка од Барово (од родот Меловци). Основачот на родот (Перо) е доселен од селото Ораховица кај Лесковац; Катранџијовци (2 к.) потекнуваат од двајца братучеди доселени од селото Страгово. Подалечно потекло од селото Чемерско; Турски Циган- Алија Паљачковски (1 к.) доселен 1921 година од селото Стрмашево.
Remove ads

Самоуправа и политика

Thumb
Објект во селото

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Конопиште.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Крњево, во која влегувале селата Барово, Горна Бошава, Долна Бошава, Крњево, Страгово и Стрмашево.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Крњево, во која покрај селото Крњево се наоѓале селата Барово, Бохула, Бунарче, Горна Бошава, Долна Бошава, Конопиште, Радња, Страгово, Стрмашево и Чемерско.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Конопиште.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0707 според Државната изборна комисија, кое е сместено во зграда на општината, поранешни простории на месната заедница.[12]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 35 гласачи.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 33 гласачи.[14]

Remove ads

Личности

Личности починати во Крњево:

Културни и природни знаменитости

Во селото не постои црква.[15]

Археолошки наоѓалишта[16]
Реки[17]
Remove ads

Редовни настани

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads