Чемерско

село во Општина Кавадарци From Wikipedia, the free encyclopedia

Чемерскоmap
Remove ads

Чемерско — село во Општина Кавадарци, во областа Бошава, во околината на градот Кавадарци.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Сретселото во Чемерско

Селото се наоѓа во јужниот дел од Општина Кавадарци, од десната страна на реката Бошава.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 670 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 24 километри.[2]

Атарот зазема површина од 18,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 787 хектари, на пасиштата отпаѓаат 582 хектари, а на обработливото земјиште 283 хектари.[2]

Селото се наоѓа на пространа тераса, која е пресечена со повеќе долови, десни притоки на реката Бошава, во подножјето на планината Кожуф. Има овален облик. Било поделено на Горно и Долно Маало.[3]

Remove ads

Историја

Селото било доста старо, но по одреден зулум било раселено. Во XVIII век го презеле беговите и тука се населиле чифчии.[3]

Во XIX век, Чемерско било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Селото има мешовита земјоделска функција.[2]

Селаните живееле од земјоделство. До 1908 година биле чифчии, а потоа станале слободни. Долното маало било држено од Пашовци од Тремник, а Горното маало од криволачки Емин-ага.[3]

Население

Thumb
Традиционална куќа во селото
Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Чемерско имало 418 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Чемерско имало 520 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[6]

Во селото живее македонско население, коешто во 1961 година броело 358 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на само 17 жители, од кои 16 биле Македонци.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Чемерско имало 20 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 17 жители, од кои 16 Македонци и 1 лице без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Како родови во Чемерско се споменуваат:[3]

  • Доселеници: Богевци (9 к.), они најпрво се населиле по опустувањето на старото село. Се доселиле од раселеното село Ракета; Бачовци (22 к.) дедо-Бач избегал од местото Мирчева Пресека под Порта. Таму живееле како Власи; Катранџиовци (1 к.) нивниот сој бил голем, но некои се иселиле во селото Дуброво; Вачковци (7 к.) доселени се однекаде околу средината на XVIII век; Шутевци (5 к.) доселени се заедно со претходниот род однекаде; Дрчевци-Габеровци (2 к.) се доселил дедо-Мицо заедно со неговиот татко Цветко од селото Драчевица. Уште подалечно потекло од Ракета. Таму припаѓале на стариот сој Габеровци; Голчевци (4 к.) се доселил основачот на родот дедо-Ване од селото Бохула поради потурчување кон средината на XVIII век; Серменинци (1 к.) потекнуваат од браќата Велко и Никола, кои се доселени кон средината на XIX век од селото Серменин кај Гевгелија; Петревци-Дујаче (1 к.) доселени се средината на XIX век од селото Бохула; Ризовци (1 к.) доселени се средината на XIX век од селото Драчевица; Мајсторчевци (1 к.) потекнуваат од дедо-Божин кој се доселил кон средината на XIX век од селото Миравци кај Гевгелија; Трипуновци (1 к.) доселени се околу 1870 година од селото Драчевица; Пиперковци (1 к.) доселени се во 1880 година од селото Бохула. Таму припаѓале на истоимениот голем род; Јовановци (1 к.) доселени се во 1880 година од селото Рибарци; Димитријовци (1 к.) доселени се околу 1880 година од селото Серменин кај Гевгелија; Џолевци (1 к.) доселени се во 1885 година од селото Бохула. Подалечно потекло од Арнаутлук; Горниковци-Темелковци (1 к.) доселени се во 1890 година од селото Гарниково; Димитријовци (2 к.) доселени се во 1890 година од околината на Корча во Албанија; Петревци (1 к.) доселени се во 1898 година исто така од корчанско; Нојчевци (1 к.) доселени се во 1898 година од селото Барово; Чочковци (1 к.) доселени се во 1904 година од селото Конопиште; Витановци (1 к.) доселени се во 1904 година од селото Конопиште; Коцовци (1 к.) доселени се во 1906 година од Неготино. Подалечно потекло од селото Долни Дисан; Крњевци (1 к.) доселени се во 1906 година од селото Крњево; Пејковци (1 к.) Младеновци (1 к.), Костовци (1 к.), Меловци (1 к.) и Градишци-Николовци (1 к.) доселени се во 1907 година од селото Горна Бошава. Костовци и Меловци со подалечно потекло од Мрежичко, а Градишци-Николовци од Градиште; Конопишци-Шулевци (1 к.) потекнуваат од предокот Андон кој се доселил во 1907 година од селото Конопиште; Чакревци (1 к.), Попадичини (1 к.) и Костевски (1 к.) доселени се во 1916 година од селото Зборско во Меглен; Ѓорговци (1 к.) доселени се во 1918 година од селото Бохула.
Remove ads

Општествени установи

  • Поранешно основно училиште
  • Месна заедница

Самоуправа и политика

Thumb
Споменици на НОБ во близина на Чемерско
Thumb
Главната селска црква во селото

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Конопиште.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Бохула, во која влегувале селата Бохула, Радња и Чемерско.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Крњево, во која покрај селото Чемерско се наоѓале селата Барово, Бохула, Бунарче, Горна Бошава, Долна Бошава, Конопиште, Крњево, Радња, Страгово и Стрмашево.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Конопиште.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Избирачко место

Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0708 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Бохула, Радња и Чемерско, кое е сместено во зграда на подружницата „Бор“ во селото Бохула.[13]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 33 гласачи.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 28 гласачи.[15]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви[16][17]
Споменици
  • Споменици на НОБ
Манастири
Археолошки наоѓалишта[18]
Реки[19]

Редовни настани

Личности

Личности родени во Чемерско:

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads