Ќоселари

село во Општина Лозово From Wikipedia, the free encyclopedia

Ќоселариmap
Remove ads

Ќоселари — село во Општина Лозово, неколку километри јужно од градот Свети Николе.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото Ќоселари се наоѓа во Овче Поле, во централниот дел на општина Лозово, на 12 километри јужно од градот Свети Николе. Се работи за рамничарско село кое се наоѓа на надморска височина од 250 метри. Селото има атар од 22,2 квадратни километри. Најголем дел од површината се пасишта.

Историја

Како и поголемиот дел од селата во Република Македонија, селото во втората половина на XX век го зафатиле процесите на миграција од село во град, со што бројот на жители драстично се намалил.

На крајот на XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 20 Македонци и 210 Турци.[2] Како турско село означено било и од страна на Леонард Шулце Јена.

Remove ads

Стопанство

Во селото најзастапени се полјоделството и сточарството. Обработливото земјиште зафаќа 867 хектари, пасиштата зафаќаат 1.204 хектари, додека 120 хектари се шуми.

Демографија

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци и 100 Власи.[3]

Во 1961 години бројот на жители изнесувал 413 жители. Во 1994 година, бројот на жители се намалил на 95 - 62 Македонци и 33 Власи. На пописот од 2002 година, селото имало 88 жители. Следува табела на националната структура на населението[4]

Националност Вкупно
Македонци 42
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 46
Срби 0
Бошњаци 0
останати 0

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Ќоселари има 28 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 19
Албанци 0
Турци 0
Роми 0
Власи 8
Срби 0
Бошњаци 0
Други 1

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]

Повеќе информации Година, Македонци ...

Родови

Според истражувањата од 1958 година, родови во селото

Влашки

Македонски

Remove ads

Култура и спорт

Во Ќоселари постои: основно училиште до IV одделение, фабрички погон и услужни дејности.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1707 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа. Во ова избирачко место е опфатено и селото Амзибегово.[7]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 31 гласач.[8]

Културни и природни знаменитости

Археошки наоѓалишта

Иселеништво

До 1958 година турско население се иселило во Турција (околу 50 семејства). Тие се населиле во местото Дургут во близина на Измир.[6]

Поврзано

Литература

  • Панов, Митко: Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија, Скопје, 1998, 306 стр.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads