Лешница (Гостиварско)

село во Општина Гостивар From Wikipedia, the free encyclopedia

Лешница (Гостиварско)map
Remove ads

Лешница — село во Општина Гостивар, во областа Горен Полог, во околината на градот Гостивар.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Горен Полог, во подножјето на Шар Планина, во средишниот дел на територијата на Општина Гостивар, во горното сливно подрачје на реката Вардар.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 700 метри. Од градот Гостивар, селото е оддалечено околу пет километри.[2]

Лешница е сместена во долината на истоимената река, 2,5 км западно од соседното село Здуње. Се наоѓа во високи долински падини покриени со бујна вегетација. Во минатото, водата за пиење доаѓала од извори во и надвор од селото.[3]

До селото води асфалтен пат, кој започнува во Здуње.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Славче Дол, Резина, Гумниште, Попој Нивје, Црешна, Срејни Рид, Црвенки, Бранобрег, Чести Ореси, Горни и Долни Осој, Саграде, Речишта, Више Село, Манастириште, Бучкоец, Црквиште, Стара Корија, Селска Корија, Осој, Леска и Мојсоска Корија.[3]

Селото има збиен тип и се дели на три маала: Долно, Горно и Средно Маало. Поради својата компактна положба, во тесна долина помеѓу ридовите, Лешница има издолжен облик.[3]

Remove ads

Историја

Според преданието, Лешница е едно од најстарите села во Гостиварско. За него постојат и пишани записи од средниот век. Еден потекнува од периодот помеѓу 1366 и 1371 година, во кој се споменува јеромонахот Михајло, родум од Лешница. Тој напишал книга во родното село, од чии записи се знае дека за време на владеењето на Цар Волкашин, управник на Полог бил еден извесен Гргур. Подоцна, свештеникот Михајло живеел во Дебреше. Селото се споменува и во турски документ од 1595 година.[3]

Меѓу народот се вели дека старото село се наоѓало на местото на денешното муслиманско Буфаљеска Маало во Здуње, под денешното село. Стара Лешница била големо село со околу 300 македонски куќи. Имено, неговото подрачје се протегало кон Долно Јеловце до превојот Нестин Дол, кон Гостивар границата стигнувала до средината на градот итн.[3]

Старото село се распаднало поради некоја чума. Дел од преживеаните жители се иселиле во Кичевско и таму основале истоимено село. Други се иселиле во Долен Полог, каде што го основале селото Лешница во тој крај.[3]

Над Лешница се наоѓа месноста Манастириште. Таму постоел манастирот „Св. Атанасиј“, кој го посетувале многу жители од околните села, а се собирале и за црковната слава. Остатоците на манастирот биле видливи до 1927 година, кога се отстранети при изградбата на параклис. На север, во месноста Резина, има камен крст посветен на Пресв. Богородица.[3]

Во Првата балканска војна, 11 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[4]

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[5]

Remove ads

Стопанство

Атарот е мал и зафаќа простор од само 2,4 км2, така што нема некоја повидна земјоделска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лешница живееле 140 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лешница имало 600 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Лешница — село во Долнојеловјанска општина во Горнополошкиот срез и има 17 куќи со 109 жители, сите Македонци.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[9]

Селото е мало. Тоа во 1961 година имало 169 жители, а во 1994 година 127 жители, македонско население.[2]

Според попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 3 жители, сите Македонци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 128 жители, од кои 88 Македонци, 31 Албанец и 9 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови

Лешница е македонско село, а населението се дели на староседелци и на доселеници.[3]

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото:

  • Староседелци: Ристевци (4 к.), Стојановци (6 к.) и Ефтовци (6 к.); и
  • Доселеници: Уковци (2 к.) доселени се однекаде; Мојсовци (4 к.) доселени се од селото Дуф; Цветковци (2 к.) доселени се однекаде; Ѓуровци (1 к.) доселени се од селото Маврово.[3]

Иселеништво

Целосно се иселил родот Јосифои (1 к.), кои сега живеат во Вруток. Кон крајот на XIX век се доселиле и неколку македонски домаќинства од сега албанските села Равен и Врановци. Подоцна тие се иселиле од Лешница (Павле), а дел изумреле.[3]

Remove ads

Самоуправа и политика

Кон крајот на XIX век, Лешница било село во Гостиварската нахија на Тетовската Каза на Отоманското Царство.

Селото се наоѓа во рамките на Општина Гостивар, која била значително проширена со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно, во периодот 1996-2004 година, селото било дел од Општина Вруток.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Дебреше, во која покрај Лешница се наоѓале Врановци, Горно Јеловце, Дебреше, Долно Јеловце, Здуње, Зубовце и Ново Село. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од тогашната општина Здуње во која влегувале селата Горно Јеловце, Долно Јеловце, Здуње и Лешница.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 532 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 28 гласачи.[17]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви[18]

  • Црква „Св. Никола“ — главна селска црква.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads