Ливе Вестра
холандски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ливе Вестра (холандски: Lieuwe Westra; 11 септември 1982 - 14 јануари 2023 ) — холандски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Интермарше-Сиркус-Ванти.
Remove ads
Професионална кариера
Во 2012 завршил втор на трката од Светската турнеја Париз-Ница, освојувајќи ја кралската етапа до Манд. Оваа етапа завршувала на нагорнина со просечен наклон од 10,1%.[1] Тој нападнал во последниот километар и водечката група предводена од водачот Бредли Вигинс не можела да го следи неговиот напад. Поминал сам низ целта и имал предност за освојување на водечката маичка, доближувајќи се на само шест секунди до Вигинс.[2] Го завршил Париз-Ница со осум секунди зад Британецот во генералниот пласман.[3] Во август, Вестра го освоил генералниот пласман на Трката околу Данска 2012, етапа со шест етапи која се одржува во Данска. Победил на поединечниот хронометар, што му помогнало да ја запечати победата и освојувањето на водечката маичка. Рамунас Навардаускас од екипата Гармин-Баракуда завршил втор со 10 секунди задоцнување.[4] Вестра ја заработил неговата прва победа за сезоната 2013 на Трката околу Калифорнија, каде ги расипал плановите на спринтерите откако побегнал на 5 километри пред целта и успеал да се одржи пред водечката група. Франсиско Мансебо му се приклучил во обидот за победа и двоецот соработувал заедно, но Вестра победил во спринтот.[5]
По пет години со екипата Вакансолел-ДКМ[6], Вестра се приклучил на Астана на двегодишен договор, за сезоните 2014 и 2015.[7]
Remove ads
Достигнувања
- 2007
- 1. Етапа 2 ОЗ Вилервикенд
- 2008
- 1. Етапа 2 Тур Алзас
- 2. Краен пласман Трка Олимпија
- 3. Дуо Норманд (со Јос Пронк)
- 3. Шал Селс-Мерксем
- 2009
- 1. Краен пласман Меморијал Арно Валард
- 1. Краен пласман Тур де Пикард
- 1. Етапа 1
- 2010
- 3. Национален хронометарски првак
- 3. Хроно де Национс
- 2011
- 1. Класик Лоара Атлантик
- 1. Пролог Трка околу Белгија
- 2. Краен пласман Три дена Де Пане
- 1. Планински пласман
- 3. Краен пласман Волта ао Алгарве
- 8. Светско друмско првенство
- 2012
- 1.
Национално хронометарско првенство
- 1. Краен пласман Трка околу Данска
- 1. Етапа 5 (ITT)
- 2. Краен пласман Париз-Ница
- 1. Етапа 5
- 2. Краен пласман Три дена Де Пане
- 2. Краен пласман Трка околу Белгија
- 2013
- 1.
Национално хронометарско првенство
- 1. Етапа 1 Трка околу Калифорнија
- 3. Краен пласман Волта ао Алгарве
- 5. Краен пласман Три дена Де Пане
- 8. Краен пласман Етоал де Бесеже
- 8. Краен пласман Париз-Ница
- 2014
- 1. Етапа 7 Волта а Каталуња
- 1. Етапа 7 Критериум ду Дофине
- Тур де Франс
Награда за борбеност на етапа 5
- 2016
- 1.
Краен пласман Три дена Де Пане
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads