Париз-Ница 2013

велосипедска трка From Wikipedia, the free encyclopedia

Париз-Ница 2013
Remove ads

Париз-Ница 2013 било 71. издание на велосипедската етапна трка Париз-Ница, често позната и како Трка на Сонцето. Започнала на 3 март во Уи и завршила на 10 март во Ница и се состоела од осум етапи, вклучувајќи два хронометри. Била втора трка во сезоната 2013 на Светската турнеја.

Кратки факти Детали за трката, Датум(и) ...

Трката била освоена од Австралиецот Ричи Порт од Тим Скај,[1] кој го презел водството по победата на кралската етапа на трката, петтата етапа до Монтањ де Лур и исто така го освоил последниот хронометар до Кол д’Ез, со што станал првиот австралиски возач, кој победил на трката.[2] Порт го освоил генералниот пласман со 55 секунди предност пред второпласираниот Ендру Талански (Гармин-Шарп),[3] кој победил на третата етапа. Талански го освоил и пласманот за млад возач,[3] како највисоко пласиран возач роден во 1988 или подоцна. Возачот на Аг2р-Ла Мондијал Жан Кристоф Перо го заокружил подиумот,[4] 26 секунди зад Талански и 81 секунда за Порт.[1]

Во другите пласмани на трката, возачот на Омега Парма-Квик Степ Силвен Шаванел ја освоил зелената маичка за бодовниот пласман,[5] постигнувајќи најмногу бодови во текот на етапите на средните спринтови и на крајот на етапите, а Јохан Чоп бил победник на планинскиот пласман за екипата ИАМ Сајклинг,[3] кои го имале своето деби на трка од Светската турнеја.[6] Катјуша биле победници на екипниот пласман по нивното враќање во Светската турнеја,[7] откако го пропуштиле Тур Даун Андер поради привременото губење на нивниот статус на UCI World Tour екипа пред да ја обжалат одлуката до Арбитражниот суд за спорт.[8]

Remove ads

Екипи

Бидејќи Париз-Ница е настан од Светската турнеја на UCI, сите UCI World Tour екипи се повикани автоматски и се обврзани да испратат екипа. Првично, осумнаесет ProTeam биле поканети на трката, како и уште четири други со специјални покани,[9] и со тоа требало да се создаде група од 22 екипи. Катјуша подоцна го стекнал нивниот статус на World Tour по жалбата во Арбитражниот суд за спорт.[10][11] Бидејќи Катјуша првично не биле поканети на трката, организаторите на трката објавиле дека на трката ќе настапат вкупно 23 екипи.[12]

Екипите кои настапиле на трката се:[13]

Помеѓу 184. велосипедисти бил само еден претходен победник на трката, победникот од 2000 Андреас Кледен, кој возел за екипата РадиоШек-Леопард.[14]

Remove ads

Етапи

Пролог

3 март 2013 — Уи, 2,9 км поединечен хронометар (ITT)[15]
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 1

4 март 2013 — Сен Жермен ан Ле до Немур, 195 км[16]
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 2

5 март 2013 — Вимори до Серији, 200,5 км[17]
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 3

6 март 2013 — Шател-Гијон до Бриуд, 170,5 км[19]
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 4

7 март 2013 — Бриуд до Сен Валие, 199,5 км[20]
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 5

8 март 2013 — Шатенеф ди Пап до Монтањ де Лур, 176 км[21]
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 6

9 март 2013 — Маноск до Ница, 220 км[22]
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 7

10 март 2013 — Ница до Кол д’Ез, 9,6 км поединечен хронометар (ITT)[23]
Повеќе информации Возач, Екипа ...
Remove ads

Поредок

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads