Лигос
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лигос или Лингос (грчки: Λύγκος, Лингос) — планина во состав на венецот Пинд, на границата меѓу Гребенско во Егејска Македонија и Јанинско во Епир, Грција. Највисокиот врв е Авго, кој се издига на 2.177 м надморска височина.[1]
Планината ја заградува долината Валја Калда, која е дел од Националниот парк „Пинд“.[2]
Remove ads
Географија
Планината е изолирана, сместена на самата граница меѓу Егејска Македонија и Епир. Во непосредна близина на највисокиот врв Авго се наоѓа ледничко езеро. Друг значителен врв на планината е Пиростија (1.967 м).
Бидејќи планината Лигос нема точна локација, разни извори погрешно ја сметаат како дел од околните планини. Во XIX-XX век, нејзината местоположба било јужно од древната област Линкестида, на место на планините Смолика и Тимфи.[3]
Најблиски околни планини се Василица на север, Хасија на исток, Пелистер на југ и Тимфи на запад. Најблиското гратче е Мечово, сместено на 15 км јужно од планината. Други населени места на планината се Војуша на западниот и Периволи на северниот дел. Планината се одводнува од реката Венетик, притока на Бистрица.
Планината Лигос е обрасната со густа шума, со планински пасишта на повисоките височини. Таа претставува едно од највлажните и најстудени подрачја во Грција.[4]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads