Периволи
село во Гребенско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Периволи (грчки: Περιβόλι; влашки: Perivoli) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 21 жител (2011), сочинето од Власи.[2]
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа околу 30 км југозападно од градот Гребен, на планината Лигос, дел од венецот Пинд, на надморска височина од 1.280 м. Периволи е сместено на 7 км јужно од Авдела, крај изворите на една од притоките на реката Венетик.[2]
Јужниот дел на селскиот атар припаѓа на националниот парк „Пинд“.
Историја
Во Отоманското Царство

Главната знаменитост во селото е црквата „Св. Никола“, сместена надвор од селото крај патот што води за Гребен.[3] Црквата „Св. Ѓорѓи“ е од XVIII век.[4]
Во XIX век Периволи било големо влашко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Периволи живееле 1.800 Власи.[5] Според грчка статистика од 1904 година во Периволи живеат 850 влахофони, од кои 85 се „Романци“.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Периволион (Периволја) се води како чисто влашко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 300 куќи.[7]
До 1912 година, четата на андартскиот капетан Јорко Чокардани дејствувала во селото.[8]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 2.354 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 21. Тоа се должи на фактот што пописот во таа година е извршен во декември, кога речиси сите семејства од селото се наоѓале на зимување во Тесалиското Поле.[2]
Селото тешко настрадало за време на Граѓанската и Втората светска војна.[2]
Remove ads
Стопанство
Населението традиционално се занимава со сточарство.[2]
Население
По Граѓанската војна селото практично се испразнило и не почнало да се населува во поголема мера сè до 1980-тите. Оттогаш, населението бележи пораст и повторен пад.
Во пописот од 1951 година, селото било забележано со 26 жители, во 1961 година со 15, во 1971 година со 5, во 1981 година со 165, а во 1991 година со 312 жители.[2] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Remove ads
Самоуправа и политика
Во 1918 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 137 квадратни километри. Општината Периволи била приклучена во 2011 година и станала дел од поголемата општина Гребен.[2]
Селото припаѓа на општинската единица Периволи со седиште во истоименото селото, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Периволи, во кој е единствено село.
Remove ads
Културни и природни знаменитости
Цркви
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — изградена во XVIII век;
- Црква „Св. Никола“ — манастирска црква изградена во 1803 г.
Личности

Родени во Периволи
- Георге Пердики (1913 - 1966) — писател
- Димитру Константинеску (1848 - ?) — свештеник
- Зисис Вракас (1857 - ?) — гркомански андартски капетан
- Јорко Чокардани (? - 1918) — гркомански андартски капетан
- Константин Скрима (1918 - 1983) — писател
- Штерјо Апостолина — револуционер
По потекло од Периволи
- Зои Папазиси-Папатеодору (р. 1950) — фолклористка, по потекло од Периволи
Remove ads
Иселеништво
Најголем дел од жителите на селото се имаат преселено во поголемите градови во Грција, но тие исто така се преселиле низ цел свет, особено во САД и Европа, каде што се занимаваат со трговија и со доходни занаети. Тие имаат свои друштва преку кои ја одржуваат традицијата на своите предци.[2]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads