Лобаница

поранешно село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Лобаница
Remove ads

Лобаница или Лабаница (дијалектно Ломбаница или Ламбаница; грчки: Άγιος Δημήτριος, Агиос Димитриос; до 1928 г. Λαμπάνιτσα, Ламбаница[1]) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција.

Кратки факти Лобаница Άγιος Δημήτριος, Земја ...
Remove ads

Географија

Лобаница била сместена во традиционалната област Корешта, 27 км северозападно од општинското седиште Костур и 2 км северозападно од селото Косинец, во западните пазуви на планината Орлово (Малимади). Селото традиционално имало две маала — Горна и Долна Лобаница.

Историја

Во Османлиското Царство

Селото за првпат се споменува во османлиски дефтер од 1530 г.[2] Кон крајот на XIX век ова било чисто македонско село на самата западна граница со Деволскиот крај во Албанија. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Лобаница (Lobanitza) било село во Костурската каза со 95 домаќинства и 300 жители Македонци.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Горна Лабаница имала 535, а Долна — 20 жители, сите Македонци.[3] Милоевиќ во ова време утврдил дека селото имало вкупно 80 македонски куќи.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лобаништа се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 64 куќи.[6]

Раководството на Илинденското востание во Костурско, меѓу кои и Васил Чекаларов, Лазар Поптрајков, Пандо Кљашев, Манол и Михаил Розов, испратило до сите странски конзулати во Битола дека на 30 август 1903 г. сите 80 куќи во Лабаница се изгорени, убиени се попадијата (на возрат од 70 години), Толе Гулов (75), Митре Капиданчев (60), Стојан Димов (75), Наке Гологачев (65), Наковица Гологачева (65), Митре Коломанчев (62), Наке Донев (60), Лазовица Капиданка (23), Иловица Марковичина (21), Наум Мангов (75) и Доне Миџов (65), а ранети се Лазо Сотирчев, Дина Сотировска, Коловица Богданоска и Геловица Димитрова.[7]

На почетокот на XX век Лабаница страдала од влијанието на двете најсилни странски пропаганди во Македонија. Според податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. селото имало 288 жители под Бугарската егзархија и 224 под Цариградската патријаршија,[3] и во него работеле и бугарско и грчко училиште.[8] Според Георги Трајчев во 1911/12 г. во Лабаница имало 60 куќи со 305 жители, и во неа работеле црква и училиште.[9] Георги Константинов Бистрицки вели дека Лабаница пред Првата балканска војна во 1912 г. се состоела од 70 македонски куќи.[3][10]

При избувнувањето на Првата балканска војна, 8 лица од Лабаница зеле учество во Македонско-одринските доброволни чети.[11]

Во 1915 г. учителот Ѓорѓи Рајков од костурско напишал:

12 ч. на северозапад од с. Косинец, в едно низинско место се наоѓа с. Лабаница со 81 куќа. Населението го говори мајчиниот македонски. Имаа бугарска црква и свештеник, бугарско училиште и учители Насе Павлов Јуруков и Коста Јанакев, обајцата од Лабаница. За духовен началник го признаваа бугарскиот егзарх Јосиф I. Позначајни македонски првенци се Христо Јруков, Трпе Ан. Божинов, Илија Л. Јуруков, Ване Анастасов, поранешен учител, Христо П. Грозданов, Динко Јан. Терзи, Ламбро Јанакев.[3][12]

Потпаѓање под Грција

За време на војната селото е окупирано од грчката војска, и по Втората балканска војна е припоено кон Грција. Во 1928 г. е преименувано во Агиос Димитриос. Истата 1928 г. доведени се 5 грчки семејства со вкупно 18 члена.[13] Ова сепак немало значајна последица по демографската состојба, земајќи дека таа година селото броело 228 жители.[5]

Remove ads

Население

Селото бежелело постојан опад на населението поради големото иселување во странство, претежно во прекуокеанските земји. Така, во 1940 г. Лабаница имала 217 жители, кога воедно е забележано дека дотогаш веќе се имаат иселено 49 семејства — повеќе од половината жители.[5]

Селото е разорено за време на Грчката граѓанска војна кога сите жители биле принудени да го напуштат и да побараат спас во Р Македонија и некои источноевропски земји. Единствено останале седум семејства, на кои грчките власти не им дозволиле да се вратат во разурнатото село.[5]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads