Лудијас (Солунско)
село во Солунско, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лудијас (грчки: Λουδίας, до 1951 г. Νέα Ζωή, Неја Зои) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 789 жители (2011).[2][3] Ова село не традиционално, туку претставува новосоздадена населба на грчки доселеници.[4]
Оваа статија се однесува на новосоздадено село во Солунско. За селото во Ениџевардарско со вакво грчко име, погл. Плугар.
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа јужно од Зорбатово, 8 км западно од Илиџиево и 43 км западно од Солун. Лежи во областа Вардарија во Солунското Поле, на северниот брег на река Колудеј.
Историја
Селото е основано како место за грчки доселеници од Турција во 1939 г. на местото на ослободеното плодно земјиште при исцедувањето на Ениџевардарското Езеро. При неговото создавање, наречено е Неја Зои, што во превод значи „нов живот“. Населението било од Понд, Кавказ, Тракија и Мала Азија, кое овде се префрлило од првично создадените Елевтерохори и Метони, како и од колонизираните традиционални села Јалиџик и Бугариево.[2][3] Во 1940 г. Лудијас имал 804 жители, сите грчки дојденици.[4]
Во 1951 г. населението се зголемило на 991 жител, а селото е преименувано во Лудијас, што е грчкото име на месната река Колудеј. На пописот од 1961 г. бројот на жители достигнал 1.222, за да опадне на 929 во 1971, 907 во 1981 г.[4] Во 1991 г. е забележан пораст на 948 лица, кои во 2001 г. се зголемиле на 973, но во 2011 г. опаднало на 795 жители.
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Селото важи за мошне богато бидејќи има плодни површини кои целосно се наводнуваат. Се произведува овошје, памук, жито, бостан и други земојделски култури. Многумина работат во блиските претпријатија „Захарис“, „ЕЛВИЗ“ и „Нестле“.[2][3]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads