Лупште

село во Општина Македонски Брод From Wikipedia, the free encyclopedia

Лупштеmap
Remove ads

Лупште — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Панорамски поглед на селото

Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод, во средното сливно подрачје на реката Треска.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 950 метри.[2]

Атарот зафаќа површина од 13,8 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 918 хектари, на пасиштата отпаѓаат 321 хектар, а на обработливото земјиште 11 хектари.[2]

До селото води асфалтиран пат, кој се двои од регионалниот пат кој води до поранешното општинско средиште Самоков.

Remove ads

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 23 семејства и 2 неженети, сите христијани.[3]

Во XIX век, Лупште било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство

Селото има мешовита земјоделска функција.[2]

Селаните главно се занимаваат со земјоделство, сточарство и собирање на планински плодови. Селото е познато по костенот како плод, па на есен селото живнува затоа што сите се вратени со цел да собираат костени.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Лупште имало 286 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лупште имало 320 жители.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лобиште се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 40 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Македонци.[8]

Селото во 1961 година било средно по големина со 327 жители, но во 1994 година преминало во мало со 90 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Лупште имало 67 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 38 жители, од кои 35 Македонци, 1 Албанец и 2 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

Лупште е македонско село.

Родови во селото се: Мартиновци (43 к.), еден дел од родот се вика Секуловци, а другиот Пејовци. Доселени се од Меркулија, Прилепско, измеѓу Дебреште и Кошино; Богојевци (20 к.), по едно предание Богоја прв се доселил во селото од Прилепско, а по второто предание тој дошол од Прилепско како слуга кај Мартин (Мартиновци). Во Зркле тврдат дека сите родови во Лупште се доселени од Закамен.[15]

Remove ads

Самоуправа и политика

Thumb
Традиционална архитектура во село Лупште

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Самоков, во која влегувале селата Бенче, Брест, Зркле, Звечан, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков и Сушица.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Самоков, во која покрај селото Лупште се наоѓале селата Бенче, Брест, Звечан, Зркле, Инче, Ковач, Ковче, Рамне, Самоков, Старо Село и Сушица.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0258 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[16]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 35 гласачи.[17] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 34 гласачи.[18]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква „Св. Петар и Павле“
Цркви[19]

Редовни настани

Личности

Родени во Лупште
  • Зафир Премчев (1872-1937) — војвода
  • Стефан Петревски — војвода
  • Здравко Крлески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
  • Илија Пејоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
  • Коне Черrоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
  • Коле Алексоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
  • Методија Стефаноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
  • Мицко Ѓурчиноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
  • Коле Алексоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
  • Стале Пејоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
  • Стојко Ѓурчиноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
  • Спасе Музоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
  • Стојан Димоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
  • Симјан Стојмироски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
  • Стојко Бојаноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
  • Стојко Ѓорески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
  • Тасе Миоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
  • Трпе Премќески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
  • Михајле Дукоски (1921-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
  • Бранко Петрески (1912 - 1945) — загинат во НОБ.[21]
  • Бранко Ристески (1922 - 1945) — загинат во НОБ.[21]
  • Лубе Столески (1919 - 1944) — загинат во НОБ.[21]
  • Илија Столески (1924 - 1943) — загинат во НОБ.[21]
  • Крстана Нанкова Видевска (1890-) — учесник во НОВ на Македонија
Remove ads

Иселеништво

Жителите коишто останале во селото се многу малку, речиси на прсти се бројат, но во последните години се забележува градење на викендици и активно посетување на селото за време на летниот период.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads