Табановце

село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia

Табановцеmap
Remove ads

Табановце или Табановци — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Табановце се наоѓа во областа Жеглигово, на границата помеѓу Србија и Македонија (граничен премин Табановце) и е оддалечено 8 км од Куманово.

Историја

Подрачјето на Табановце е населено уште од римско време, за што сведочат наоѓалиштата Бежине и Падалиште во неговиот атар.[2]

Стопанство

Thumb
Железничката станица „Табановце“.

Селото има развиено стопанство. Населението се занимава со земјоделство и сточарство.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Табановце живееле 500 жители, сите Македонци.[3] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Табановце имало 480 Македонци, патријаршисти.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 750 Македонци.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото живеат 910 жители, од кои: 205 Македонци, 177 Албанци, 516 Срби и 12 останати.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 817 жители, од кои 241 Македонец, 211 Албанци, 294 Срби, 4 останати и 67 лица без податоци.[7]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[8]

Повеќе информации Година, Македонци ...

Родови

Православни родови во селото Табановце се: Бузинци (23 к.) они се најстар табановачки род; Заќевци (20 к.) доселени се од денес албанското село Зајас, Кичевско, доселени се околу 1800 година; Мицини (20 к.) доселени се од некое село во Битолско; во маалата Чифлак (36 к.) и Сланиште (35 к.) живеат доселеници од Горна Пчиња и Кривопаланечко; Киселчани (9 к.); Старчани (9 к.) доселени се околу 1920 година од селото Старац кај Врање; Колонисти (10 к.) доселени се како колонисти од Србија и Лика; Пироќанци (15 к.) доселени се од околината на Пирот.

Муслимански родови: муслиманските Албанци во селото се населени од околу 1962 година, кога српските колонисти почнале да се иселуваат во Смедерево, муслиманското население е доселено од околината на Гнилане (13 к.).[9]

Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Верски објекти
Археолошки наоѓалишта[2]

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Родови иселени од Табановце има во Карабичане (Црвенковци и Басмарци), Режановце (Кокошињаци), Опае (Армутовци), Долно Коњаре (Петруш), Горно Коњари (Пешеви). Од 1945 година, па натака населението почнало помасовно да се иселува низ градовите.[9]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads