Сојузни Држави на Микронезија

земја во Океанија From Wikipedia, the free encyclopedia

Сојузни Држави на Микронезија
Remove ads

Микронезија, или офиц. Сојузни Држави на Микронезија, скрат. СД Микронезија (англиски: Federated States of Micronesia) — островска држава која се наоѓа во Тихиот Океан североисточно од Папуа Нова Гвинеја. Државата е независна и е во слободен сојуз со САД. Микронезија порано била во склоп на Поверенствата на Тихоокеанските Острови под управа на САД. Во 1979 тие усвоиле устав и во 1986 независноста била прогласена. Денес, Микронезија има голема стапка невработеност, преголемо рибарство и гзначителна зависност од помошта на САД.

Кратки факти Сојузни Држави на Микронезија Federated States of Micronesia, Најголем град ...
Remove ads

Историја

Островите биле населени пред четири илјади години. Подоцна се воздигнало Јапското царство на островот Јап. Нан Мандол, често наречен како Венеција на Тихиот Океан. Тој се наоѓа во близина на Понпеи и бил политички и церемонијален центар на Сауделеурската династија која го обединила Понпеи.

Европските истражувачи, прво Португалците па Шпанците, стигнале на Каролинските Острови во 16 век и се воспоставила шпанска власт на островите. Подоцна биле продадени на Германија во 1899, а потоа освоени од Јапонија во 1914 пред да бидат присвоени кон САД за време на Втората светска војна.

Remove ads

Географија и клима

Сојузните Држави на Микронезија се составени од 607 острови кои се протегаат на 2.900 километри низ архипелагот Каролински Острови па до Филипините. Четирите групи на острови на Микронезија се Јап, Чук, Понпеи и Кошрај. Четирите држави се претставени со по една ѕвезда на знамето на Микронезија, Главниот град се наоѓа на Понпеи.

Државата има седум службени јазици: англиски јазик, улитански јазик, јапски јазик, понпејски јазик, кошрајски јазик и чукски јазик.

Remove ads

Политички систем

Сојузните Држави на Микронезија се раководат според уставот од 1979 година, кој гарантира основни човекови права и поделба на власта во државата. Конгресот на државата има 14 членови избрани преку избори. Четири сенатори, по еден од секоја држава, се избрани за четири години, а останатите 10 членови имаат мандат од 2 години. Претседателот и заменик претседателот се избрани од конгресот. Нема формални политички партии во земјата.

Стопанство

Економската активност на државата воглавно се заснова на земјоделство и рибарство. Островите имаат малку минерални богатства. Ловот на туна и трговијата со истото се овива со Тајван и Кина од 1990. Потенцијалот за туристичка индистрија постои, но поради недостаток од ангажман не е толку развиен во државата. Микронезија користи американски долари како национална валута.

Remove ads

Административна поделба

Thumb
Карта на Сојузните Држави на Микронезија

Четирите држави во сојузот се:

Повеќе информации Знаме, Држава ...

Овие четири држави се поделени понатка на општини.

Remove ads

Демографија

Староседелското население се од микронезиско потекло и зборуваат различни јазици. Скоро 100% од населението се Азијци или Микронезијци, така има: Чукци со 48.8%, Понпеанци со 24.2%, Кошрајци со 6.2%, јапи 5.2%, јапи од надворешните јапски острови со 4.5%, Азијци со 1.8%, полинезијци со 1.5%, други 6.4% и непознати со 1.4%. Голем дел од Микронезиците имаат јапонско потекло. Покрај ова има и доселеници од САД, Австралија, Европа и привремени доселеници од Филипините и Кина.

Remove ads

Култура

Thumb
Камена „монета“ на Јап

Државите имаат свои култури и традиции, но исто така има и заеднички културни особини и економски врски што ги поврзувале со векови. Островот Јап е познат по своите камени пари, големи дискови и големи до 4 метри во пречник со дупка во средина. Сопствениците не ги носат при купување. Има пет вида: мбул, гау, рај, јар и ренг, последниот е голем до 0.3 метри во пречник. Вредноста на парата се базира на големината и историјата на каменот. Некои од нив се пренесени дури од Нова Гвинеја, но повеќето потекнуваат од Палау. Околу 6.500 камени пари има на островот.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads