Морено Торичели

италијански фудбалер From Wikipedia, the free encyclopedia

Морено Торичели
Remove ads

Морено Торичели (роден на 23 јануари 1970 година во Ерба) — поранешен италијански фудбалски тренер и играч од одбраната.

Кратки факти Морено Торичели, Лични податоци ...
Remove ads

Биографија

За време на неговиот период во Јувентус, од страна на Роберто Баџо бил наречен Џепето, прекар што го придружувал во текот на целата негова кариера.[1][2]

Неговата прва сопруга Барбара, со која се оженил во 1995 година, починала во 2010 година од леукемија. Со неа тој има три деца.[3] Откако останал вдовец, ја напуштил својата тренерска кариера и се пензионирал со своите деца во Лилианс,[4][5] од каде што е неговата втората сопруга.[6]

Од средината на 2010 година, тој повремено работел како колумнист за каналот Јувентус ТВ[7] и за Rai Sport.

Remove ads

Клупска кариера

Почетоци

Играјќи на позицијата бек, својата кариера Торичели ја започнал во екипата Пулчини дела Фолгоре Верано. Скаутиран од луѓе на Комо, тој заминал на проба во овој клуб, но откако не успеал да импресионира се вратил назад во базата. Во екипата на Верано Брианца[8] тој стигнал да игра со првиот тим во првенството 1987-1988. На крајот на сезоната, тој бил продаден во Оџионо, веднаш откако клубот од Ломбардија изборил пласман во лигата Промоционе. Тој останал во дресот на рособлу две години пред да биде продаден на Каратезе, во Серија Д.

Јувентус

На почетокот на 1990-тите години, Торичели работел како столар во фабрика за мебел во Брианца и играл фудбал само како хоби, но благодарение на пријателскиот натпревар одигран во 1992 година, помеѓу неговиот Каратезе и една од најистакнатите екипи во Италија - Јувентус, неговиот живот ќе се промени од корен: во пролетта 1992 година тој им се приклучил на бјанконерите на пробен период, импресионирајќи го позитивно тренерот Џовани Трапатони;[9] следното лето тој бил купен за 50 милиони лири.[10]

Thumb
Торичели со Јувентус во 1998.

Дебитирал во Серија А на 13 септември 1992 година, во натпреварот на домашен терен против Аталанта, кој завршил со победа на бјанконерите со 4-1. Тој веднаш станал постојан стартер во почетната постава на Јувентус, кои во таа сезона го освоиле Купот на УЕФА совладувајќи ја германската Борусија Дортмунд во финалето. Во истото тоа натпреварување, Торичели го постигнал својот прв гол во дресот на Јувентус, во победата со 6-1 во Торино над кипарскиот Анортозис Фамагуста.

Двете најдобри сезони во кариерата на играчот биле 1994-1995 и 1995-1996: во текот на овие две сезони тој ги освоил скудетото, Купот на Италија, Суперкупот на Италија и Лигата на шампионите, а последователно успехот во Европа му овозможил да ги освои и Интерконтиненталниот куп и Суперкупот на Европа. Во меѓувреме, на 10 септември 1995 година, тој го постигнал својот прв гол во Серија А, во победата со 4-0 над Пјаченца. Неговиот трет и последен гол за Јувентус, го постигнал во победата со 4-0 на гостувањето кај Ренџерс во Лигата на шампионите.

Во последните две негови сезони во Торино 1996-1997 и 1997-1998, тој сè уште е протагонист, помагајќи му на Јувентус да освои уште две нови национални титули и достигнувајќи до уште две финалиња во Лигата на шампионите.

Вкупно за Јувентус одиграл 230 натпревари и постигнал 3 гола.

Фјорентина и последните години од кариерата

Во летото 1998 година, Торичели - откако во меѓувреме завршил на маргините во екипата на Јувентус - побарал и добил да биде продаден на Фјорентина;[11] една од главните причини за изборот и доаѓањето во Фиренца била можноста повторно да соработува со Трапатони, тренерот кој го открил шест години порано и многу го почитувал како играч.[12] Дебитирал за виола на 12 септември 1998, играјќи од почеток до крај во победата со 2-0 на домашен терен во тосканското дерби против Емполи; својот прв гол за клубот го постигнал на 10 ноември истата година, во победата со 4-0 над Лече во Купот на Италија.

Тој одиграл три сезони во Тоскана, освојувајќи еден трофеј во Купот на Италија 2000-2001, сè до летото 2002 година кога Фјорентина паднала во економски банкрот.

После шест месеци без договор, во јануари 2003 година, Торичели за прв пат ја напуштил татковината и се преселил во Шпанија каде потпишал за екипата на Еспањол.[13] Дебитирал во шпанскиот фудбал на 2 февруари 2003, во натпреварот Еспањол - Реал Мадрид 2-2, во кои играл до 72-рата минута пред да биде заменет од Иван Амаја. За сезона и половина во каталонскиот клуб, тој одиграл вкупно 34 натпревари без постигнат гол.

Во ноември 2004 година, тој се вратил во Италија придружувајќи и се на екипата на Арецо, во Серија Б;[14] истиот месец го направил своето деби за клубот а воедно и за првпат во кариерата заиграл во натпревар во Серија Б, против Катанцаро. Својата авантура со Арецо, ја завршил со 26 настапи и 2 гола, помагајќи му на клубот да опстане во лигата.

Во летото 2006 година, како слободен играч, тој кратко тренирал со играчи без договор[15] пред да објави дека ја завршува својата играчка фудбалска кариера.

Remove ads

Репрезентативна кариера

Во периодот помеѓу 1996 и 1999 година тој добил 21 повик во италијанската репрезентација, остварувајќи 10 настапи. Откако го направил своето деби на 24 јануари 1996 година во пријателски натпревар против Велс (италијанците победиле 3-0), тој бил избран од селекторот Ариго Саки во тимот за Европското првенство 1996 во Англија, каде настапил само на последниот натпревар од групната фаза (Германија - Италија 0-0), после кој Аѕурите биле елиминирани од турнирот. Подоцна бил повикан од селекторот Чезаре Малдини за Светското првенство 1998, на кое сепак не одиграл ниту еден натпревар. Тој останал во репрезентацијата и во првите месеци од управувањето на новиот селектор Дино Ѕоф, забележувајќи го последниот настап на 10 февруари 1999 година во Пиза, во пријателскиот натпревар Италија - Норвешка 0-0.

Хронологија на репрезентативните настапи

Повеќе информации Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија, Дата ...

Статистика

Клупска статистика

Повеќе информации Сезона, Клуб ...

Репрезентативна статистика

Извор:[16]
Повеќе информации Год., Наст ...
Remove ads

Титули

Клупски

Италија Јувентус

1994-1995, 1996-1997, 1997-1998
1994–1995
1995, 1997
1992-1993
1995-1996
1996
1996

Италија Фјорентина

2000–2001

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads