Мрамор (село)
поранешно село во Кавадаречко From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мрамор — историско село во Тиквешко, во областа Раец, во атарот на денешното село Раец, Општина Кавадарци. Селото се наоѓа на границата на Општина Кавадарци со Општина Прилеп.
За други значења на поимот, погл. Мрамор (појаснување).
Денес, од селото е зачуван само Мраморскиот манастир со својата црква.
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓало на широкото дно на Сув Дол, на северната огранка на Кобиларник. Чешмите биле над селото и било од разреден тип.[2]
Селото се наоѓало во областа Раец, на десниот брег на истоимената река, западно од истоименото село.
До селото води земјен пат, кој започнува кај Дреновска Клисура со двоење од А3.
Месности во атарот на некогашното село биле Илимица, Страње, Горна Лојза, Голеш, Грипа, Преслап, Прогањите и Мечкина Пештера.[2]
Remove ads
Историја
Најстар пишан податок за Мрамор е дека во 1519 година, селото имало 13 семејства и 3 вдовици. Во 1573 година, селото имало 21 семејство и 18 неженети.
Под селото во минатото се наоѓала железничка станица „Мрамор“.[2]
Стопанство
Селаните се занимавале со земјоделство и сточарство. Со приходите од сточарството ги откупиле куќите и нешто земја, додека на останатите ниви работеле како чифлигари. Бегови кои ја поседувале земјата биле Мефајил-ага од Прилеп и Џевџет Мустафа-бег Ќеримбеговиќ од Кавадарци.[2]
Население

Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 година, Мрамор (Mramor) се води како село со 41 домаќинства и 185 жители Македонци.[3][4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, Мрамор имал 233 жители, сите Македонци христијани.[3][5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 10 до 25 Македонци.[6]
Родови
Мрамор било македонско село.
Според истражувањата од 1920-тите, родови во селото биле:[2]
Иселеништво
Од крајот на XIX век, многу население избегало во Прилеп.[2]
Remove ads
Самоуправа и политика
Во XIX век, Мрамор било село во Тиквешката Каза на Отоманското Царство.
Културни и природни знаменитости

- Цркви[7]
- Црква „Св. Атанасиј“ — главна манастирска и селска црква.
- Манастири
- Мраморски манастир — манастир во селото, единствен објект што постои.
Редовни настани
- Слави[2]
- Атанасовден (зимен) — селска и црковна слава додека постоело селото
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads