Нејтан Хас

австралиски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia

Нејтан Хас
Remove ads

Нејтан Питер Хас (англиски: Nathan Peter Haas; р. 12 март 1989 ) — поранешен австралиски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2011-2021 за пет различни екипи.

Кратки факти Лични податоци, Цело име ...

Започнал да настапува на трки со чакал во 2022 година.[2]

Remove ads

Кариера

Рана кариера

Првично започнал со планински велосипедизам и ја претставувал Австралија на две светски првенства. Меѓутоа, во 2009 година Хас се префрлил на друмски трки.

Пратис (2009–2011)

Во 2011 година, откако тој и колегата од Џенезис Велт Адвајзерс Стил фон Хоф доминирале на австралиските домашни национални друмски серии, Хас ја освоил Хералд Сан Тур 2011,[3] трка на која возеле голем број на UCI World Tour екипи.[4] Откако се нашол на добро место во бегството од шест члена на првата етапа, Хас завршил втор на клучната четврта етапа, победувајќи го предводникот во генералниот пласман и австралискиот друмски првак Џек Бобриџ (Гармин-Сервело). Хас победил на Јапонскиот куп 2011,[5] трка на која исто така настапиле голем број на екипи и чии претходни победници биле Клаудио Кјапучи, Дамијано Кунего и Џилберто Симони. По неговата победа, Хас потпишал со Гармин-Баракуда.[1][6][7][8]

Гармин-Баракуда (2012–2015)

По неговото доаѓање во Гармин, Хас се преселил во Жирона, Шпанија.[1] Меѓутоа, Хас не успеал да победи на ниедна поединечна професионална трка во првата година, во која се соочил со многу рани од седиштето.[9] Сепак успеал да заврши втор зад Џонатан Тирнан-Локе (Ендура Рејсинг) на Трката околу Британија 2012.[10] Во текот на сезоната 2013, Хас завршил шести во генералниот пласман на Тур де Лангкави,[11] и ја завршил својата прва голема трка, Џиро д’Италија.[12] Додека возел на Тур Даун Андер 2014, Хас ги заработил првите бодови за Светската турнеја,[13] пред да ја заврши трката на петтото место.[14]

Бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2015.[15]

Дименжн Дата (2016–2017)

Есента 2015 година, екипата Тим Дименжн Дата објавила дека Хас потпишал со нив за сезоната 2016, приклучувајќи му се на поранешниот колега Тајлер Фарар.[16]

Тим Катјуша-Алпесин (2018–2019)

Во февруари 2018 година, Хас ја освоил втората етапа на Трката околу Оман во спринтерска завршница на нагорнина и ја презел водечката маичка.[17] Тоа му било прва победа од 2016 година и негова прва за Катјуша-Алпесин. Завршил петти во генералниот пласман на трката, освојувајќи го бодовниот пласман. Исто така имал место на подиумот на Трката околу Турција.[18]

Remove ads

Личен живот

Хас моментално престојува во Жирона, Каталонија, Шпанија.

Достигнувања

2009
5. Национално хронометарско првенство под 23 години
2010
4. Национално хронометарско првенство под 23 години
2011
1. Краен пласман Хералд Сан Тур
1. Краен пласман Трка околу Тасманија
1. Јапонски куп
Океански друмски првенства под 23 години
2. Друмска трка
5. Хронометар
2. Национално друмско првенство под 23 години
2012
1. Краен пласман Трка околу Британија
1. Етапа 2 (ТТТ) Трка околу Јута
10. Јапонски куп
2013
6. Краен пласман Тур де Лангкави
2014
1. Јапонски куп
4. Краен пласман Хералд Сан Тур
1. Етапа 1
5. Краен пласман Тур Даун Андер
6. Брабантсе Пејл
2015
3. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
5. Краен пласман Сиркут Сиклист Сарт
6. Брабантсе Пејл
2016
1. Етапа 4 Вуелта а Бургос
1. Планински пласман Тур де Јоркшир
4. Национално друмско првенство
5. ГП Монтреал
6. ГП Квебек
6. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
2017
3. Национално друмско првенство
4. Амстел Голд Рејс
4. Краен пласман Тур Даун Андер
7. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
10. Краен пласман Трка околу Оман
2018
3. Краен пласман Трка околу Турција
Национални првенства
5. Друмска трка
5. Хронометар
5. Краен пласман Трка околу Оман
1. Бодовен пласман
1. Етапа 2
8. ГП Квебек
2019
4. Национално хронометарско првенство
9. Трка околу Келн
2020
5. Национално хронометарско првенство
2021
10. Париз-Камемберт
2022
Светски серија во чакал UCI
2. Севен Гравел Рејс
2. Ла Монстерато

Распоред на резултатите на големите трки

Повеќе информации Голема трка, Џиро ...

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads