Нирнбершки процес

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Нирнбершки процес (или Нирнбершки судења) е називот за последователните судења на истакнати членови на политичкото, военото и економското водство на Третиот рајх. Судењата биле одржани во градот Нирнберг, Германија, од 1945 до 1949, во Нирнбершката палата на правдата. Првото и најпознатото од овие судења е Судењето на главните воени злосторници на меѓународниот воен трибунал, коешто судело 24 лица од најважните заробени водачи во Нацистичка Германија.

Remove ads

Почетоци

Меѓународниот воен трибунал имал интересни почетоци. Прашањето за решавањето на проблемот со нацистичките воени злостори се појавиле уште во 1942 година, кога Винстон Черчил предложил погубување на злосторниците според посебен закон и преку кратка постапка, од што се откажал под притисок на САД.

На Техеранската конференција, Сталин дал уште поригорозен предлог за неселективно стрелање на педесет до сто илјади германски офицери. Овој пат, и самиот Черчил се спротивставил на стреалњето на офицерите кои немале учество во злосторствата. Секретарот на трезорот на САД, Хенри Моргентау предложил план за целосна денацификација на Германија, познат како „Планот Моргентау“. Планот предлагал деиндустријализација на Германија, принудна работа и слични драстични мерки, слични на оние што самите нацисти ги планирале за Источна Европа. И Черчил и Рузвелт го поддржувале овој план и се обиделе да добијат одобрение на Квебешката конференција во септември 1944. Овој пат, СССР се спротивставил, барајќи судски процес.

По преговорите на конференциите во Техеран, Јалта и Потсдам, идното судење било регулирано со Лондонскиот договор од 8 август 1945. Списокот на идните обвиненици бил ограничен на поголеми воени злосторства на европските Сили на оската. Судењата започнале на 20 ноември 1945, во Нирнберг.

Remove ads

Обвинети и пресуди

Thumb
Геринг и Хес за време на судењето

Пред меѓународниот воен трибунал биле обвинети 24 лица и 6 организации. Обвиненијата биле различни, но сите биле обвинети за некои или за сите од следниве четири кривични дела:

  1. Учество во заеднички план или завера за спроведување на злосторства против мирот.
  2. Планирање, започнување и водење на агресорски војни и други злосторства против мирот.
  3. Воени злосторства.
  4. Злосторства против човештвото.

24-те обвинети биле:

(Легенда: „О“ - обвинет; „В“ - обвинет и прогласен за виновен; „º “ - необвинет)

Повеќе информации Име, Обвинение ...

Француските судии предлагале смртните казни да се извршуваат со стрелање, бидејќи тоа била пракса на воените трибунали, но Бидл и советските судии се спротивставиле. Тие сметале дека овие лица ги прекршиле сите воени етички правила и дека не се достојни за стрелачки вод, така што е утврдено смртните казни да се извршуваат со бесење.

Осудените на временски казни ги издржувале казните во затворот Шпандау во Берлин.

Од организациите обвинети се:

  • Раководството на НСДАП (Reichsregierung)
  • СС (Schutzstaffel, SS)
  • СД (Sicherheitsdienst, SD)
  • Гестапо
  • СА (Sturmabteilung, SA)
  • Врховната команда на Вермахтот (германската армија) (Oberkommando der Wehrmacht, OKW).

Од овие организации, за невини се прогласени Раководството на НСДАП, Врховната команда на Вермахтот, СА (бидејќи најголемиот дел од злосторствата се случиле пред почетокот на војната и не биле истражувани) и дел од СС, познат како Рајтер-СС (Reiter-SS).

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads