Ново Село (Струшко)
село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ново Село — село во Општина Струга, во околината на градот Струга.
За други истоимени места, погледајте Ново Село.
Remove ads
Географија и местоположба
Историја
На крајот на XIX век, селото било дел од Струшката нахија во Охридската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ново Село живееле 34 жители, сите Албанци.[2]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ново Село е претставено како чисто албанско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 14 куќи.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Албанци.[4]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 280 жители, од кои 235 Албанци и 45 останати.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 228 жители, од кои 162 Албанци, 53 останати и 13 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
Ново село е албанско село, а имало и македонски и ромски родови.
- Албански родови во селото се: Лога (8 к.), Изери (3 к.), Фејзула (2 к.), Фејза (2 к.) и Шакири (1 к.). Лога се доселени од селото Поум. Изери и Фејзула се доселени од дебарско (Мал или Голем Папрадник) и Шакири се доселени од селото Песочани, Дебрца. Наведените родови се доселени околу 1925 година; Иљази (4 к.), Читаху (2 к.), Туши (5 к.), Беќири (1 к.), Дема (1 к.) и Мена (1 к.). Родот Иљази е доселен од селото Поум. Читаху е доселен од селото Делогожди. Туши е доселен од селото Дабовјани. Беќири е доселен од селото Доно Татеши. Дема е доселен од Богојци, и Мена е доселен од селото Мислодежда. Сите наведени родови се доселени после 1945 година.
- Ромски род: Џаку (4 к.) доселени се пред 1912 година, по потекло се од Дебарско.
- Македонски род: Затарковци (1 к.) доселени се во 1938 година од селото Безово, Дебарски Дримкол.[11]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads