Мал Папрадник
село во Општина Центар Жупа From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мал Папрадник — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.
Селото главно е населено со Македонци-муслимани,[2] но поради политичко-религиски причини дел од нив се изјасниле како Турци.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Центар Жупа, сместено во областа Дебарска Жупа.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 700 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 9 километри.[3]
До селото води локален асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 2249.
Историја
Подрачјето на Мал Папрадник е населено уште од римско време, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[4]
Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]
Стопанство
Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 3 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 139 хектари, на шумите отпаѓаат 77 хектари, а на пасиштата 70 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]
Население
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 20 домаќинства со 44 жители муслимани (Македонци).[6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мал Папрадник живееле 450 жители, од кои 50 жители Македонци христијани и 400 Македонци-муслимани.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мал Папрадник имало 24 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9]
Селото е средно по големина, но со значителн пораст на бројот на населението. Така, во 1961 година имало 434 жители, од кои 426 биле Турци, пет Албанци и двајца жители Македонци, а во 1994 година бројот се зголемил на 753 жители, од кои 631 Турчин, 109 Македонци и 13 останати.[3]
Според пописот од 2002 година, селото Мал Папрадник броело 486 жители, од кои 25 Македонци, 455 Турци и 6 останати.[10]
Целосното муслиманското население на селото се Македонци-муслимани, но поради политичко-религиски причини се пишале како Турци. Во тој однос, треба да се напомене дека селото е населено исклучиво со Македонци, бидејќи жителите попишани како Турци се всушност Македонци-муслимани како и сите останати жители на селото. Доказ за тоа е наглата промена во изјаснувањето на жителите како Македонци и Турци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 169 жители, од кои 5 Македонци, 125 Турци, 2 останати и 37 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]
Родови
Мал Папрадник е торбешко (македонско-муслиманско село).[16]
Според истражувањата од 1954 година, родови во селото:
- Македонски родови:
- Муслимански родови:
- Староседелци: Скендеровци (15 к.).
- Доселеници: Нуровци или Тосковци (7 к.), доселени во 1825 година од селото Праленик; Корановци (9 к.), доселени во 1840 година од селото Голем Папрадник; Фератовци со Мазниковци (28 к.), доселени во 1855 година од селото Праленик; Имеровци (1 к.), доселени во 1856 година од селото Отишани во Голо Брдо, подалечно потекло од селото Тучепи во албанскиот дел од Голо Брдо; Шкретовци (2 к.), доселени во 1850 година од селото Мелани крај Пешкопеја во долен Дебар, предците им биле православни; Головци (5 к.), доселени во 1865 година од селото Коџаџик, таму припаѓале на родот Голалар, во селото зборат на македонски; Мерсијовци (1 к.), доселени во 1918 година од селото Житинени.
- Муслимански родови:
Иселеништво
До 1954 година од селото има иселување во Турција (13 семејства) и тоа во Лиле Бургас, Измир, Бергама, Одрин, Истанбул, Мелемен, а некои и во Албанија, Дебар и во Зелениково.[16]
Remove ads
Самоуправа и политика
Кон крајот на XIX век, Мал Папрадник било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Баланци, во која влегувале селата Бајрамовци, Баланци, Броштица, Голем Папрадник, Горенци, Житинени, Мал Папрадник и Пареши. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Баланци.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0563 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Центар Жупа.[17]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 903 гласачи.[18] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 936 гласачи.[19]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[4]
- Баја Дол — гроб од римско време;
- Бутина — средновековна црква и некропола;
- Калуѓерица — средновековна црква и некропола;
- Купчеи Дрва — средновековна црква и некропола;
- Јамбол — црква од доцниот среден век;
- Рамниште — средновековна некропола; и
- Цутина — средновековна населба и некропола.
- Џамии[20]
- Џамија — главна селска џамија
- Споменици
- Споменик за загинати борци во НОБ
- Реки[21]
- Папрадничка Река — река низ селото
- Селската џамија
- Споменик за НОБ
- Папрадничка Река
Remove ads
Галерија
- Селските гробишта
- Куќи во селото
- Селските гробишта
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads