Обаја

поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Обајаmap
Remove ads

Обаја или Оваја (често членувано Обајата; грчки: Αγριόλευκα, Агриолевка; до 1927 г. Ουμπαγιά, Убаја[1]) — поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика во областа Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Обаја Αγριόλευκα, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено во Серското Поле, крај десниот брег на Струма, на 4 км јужно од селото Ветрен, на надморска височина од 38 м.[2] Селото се дели на две маала - Горна и Долна Обаја.

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Обаја било македонско село во Демирхисарската (Валовишка) каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Долна обаси (Dolna-obassi) имало 25 домаќинства и 80 жители Македонци[3], а во Горна Обаја (Gorna-obaya) имало 80 домаќинства со 270 Македонци.[4][5]

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Обаја имало 210 Турци, а во Долна Ова 180 жители, сите Македонци.[4][6] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Обаја имало 280 Македонци под врховенство на егзархијата и во селото работело бугарско училиште.[4][7]

Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 115 жители, а во 1920 г. се зголемиле на 134 лица.[2]

Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција, а вкупно 55 Македонци принудно биле иселени во Бугарија. На нивно место се населиле 45 бегалски семејства (вкупно 217 бегалци), така што селото станало мешана населба.[2] Во 1927 година, името на селото било променето во Агриолевка (Αγριόλευκα).[1]

Селото силно страдало од маларија, поради што во 1940 г. е заведено со само 55 жители. Во 1941 г. е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 200 жители, а во 1951 г. е регистрирано со 51 жител. Во 1950-тите неговите жители се преселиле во селото Ветрен и е збришано од евиденција.[2]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви

  • Црква „Св. Ѓорѓи“

Личности

Родени во Обаја

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads