Ветрен (Валовишко)

село во Валовишко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Ветрен (Валовишко)map
Remove ads

Ветрен (Ветрена или Ветрина; грчки: Νέο Πετρίτσι, Нео Петрици; до 1927 г. Βέτρινα, Ветрина[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ, Грција.

Кратки факти Ветрен Νέο Πετρίτσι, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа северозападно од градот Сер и западно од Валовишта. Лежи во живописна месност во југоисточното подножје на Беласица. Низ селото тече реката Султаница или Ветренска Река[3]. На неколку километри североисточно од селото почнува Рупелската Клисура на Струма.

Историја

Во Отоманското Царство

Селото се спомнува во османлиски дефтер од втората половина на XV и почетокот на XVI век под името Ветрена со 14 глави на домаќинства.[4]

Во османлискиот воопштен даночен список на немуслиманското население на Тимурхисарскиот вилает од 1616–17 г. селото се води како Ветрене со 191 даночно обврзани домаќинства.[5]

Во средината на XVII век низ Ветрен поминал османлискиот патописец Евлија Челебија, и напишал дека во селото, освен неколкуте муслимански, имало и 5 маала на „грчки, бугарски и српски неверници“ (христијани).[6]

Во XIX век Ветрен бил второ село по големина во Демирхисарската каза. Населението било етнички мешано, и со мнозинство на муслимани и малцинство на Македонци христијани. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ветрина (Vétrina) била село со 228 домаќинства сочинети од 480 муслимани и 100 Македонци.[7][8]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Ветрина, големо село на подножјето на Беласица, на северозапад од Валовишта 212 часа. Преминуваат со сплавови низ дервентот. Изобилна планинска вода. Почва од најплодните. Раѓа и памук, сусам. Црква во која се служи на грчки. 220 турски куќи, 30 македонски,[9] 30 ромски и 25 черкески. Сите Турци се дојенци Арнаути, кои со себе ги донеле и навиките. Убиставата тука се едно од најобичните занимања. Мнозина упразнуваат разбојништво како наследен занает. Во недела има мал пазар. 25 куќи Македонци,[10] 200 Роми и 30 Черкези.[11]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Вятърна (Вѣтренъ) живееле 250 Македонци, 1.300 Турци, 100 Черкези и 120 Роми.[7][12] Во селото меѓу Македонците работела грчката пропаганда. Според статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Ветрен се состоело од 240 Македонци под врховенството на Цариградската патријаршија. Во селото имало грчко основно училиште со 1 учител и 13 ученици.[7][13]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година Ветрен броел 1.489 жители.[3] Во него се преселиле гркомани од пиринскиот град Петрич и села Старчево, Богородица, Рупите и Беласица како и Власи од соседното беласичко село Рамна. Поради тоа, во 1920 г. во селото се заведени 1.756 лица.[3] Во 1924 г. сето турско и черкеско население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени голем број грчки колонисти од Понт и помал број од Источна Тракија и остатокот од Мала Азија.[14] На пописот од 1928 г. Ветрен било мешано мештанско-дојденско село со вкупно 2.611 жители, од кои 687 лица (179 семејства) биле грчки дојденци, а останатите македонски мештани.[15]

Во 1927 г. селото е преименувано во Неон Пертицион, во превод Нов Петрич.[16]

Во мелиорацијата на и регулацијата на Струма во 1930-тите, како и создавањето на вештачкото Бутковско Езеро, новодобиеното земјиште привлекло повеќе жители од околните села, така што во 1940 г. во Ветрен се регистрирани 4.903 жители.[3] За време на Втората светска војна добар дел од населението се разотишол по други места во Егејска Македонија, така што бугарската статистика од 1941 г. во него завела само 2.800 жители.[3] По војната населението почнало да се враќа, но набргу потоа бележи тренд на иселување во поголемите градови.

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

  • Иван Атанасов – Инџето (о. 1846 – 1896) — револуционер и ополченец
  • Атанас Сејтов (1885 – ?) — борец во МОО, учител, четата на Крум Пчелински[22]
  • Петар Георгиев, наречен Петре Касапчето (о. 1867 – ?) — револуционер, учесник во Илинденското востание во штабот на Беласичкиот одред[23]
  • Христо Капетанчето (? – 1912) — гркомански андарт

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads