Одри

село во Општина Теарце From Wikipedia, the free encyclopedia

Одриmap
Remove ads

Одри — село во Општина Теарце, во околината на градот Тетово.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Долни Полог, во североисточните падини на Шар Планина. Оддалечено е 18 километри северно од градот Тетово.

Историја

Селото првпат се споменува во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Калканделен од 1626 - 1627 година, каде е забележано како село со 70 домаќинства.[2]

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Одри живееле 320 жители, од кои 210 Македонци и 110 Албанци.[3] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Одри имало 360 Македонци, патријаршисти.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Македонци и 500 Албанци.[5]

Според пописот од 2002 година Одри има 1.739 жители, од кои 139 Македонци, 1.598 Албанци и 2 Срби.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.175 жители, од кои 87 Македонци, 1.044 Албанци и 44 лица без податоци.[7]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[8]

Повеќе информации Година, Македонци ...

Родови

Одри е македонско-албанско село.

Родови во селото се:

  • Македонски родови:
  • Кузмановци (2 к.), староседелци. Имаат неколку изумрени семејства.
  • Мечкаровци (3 к.), староседелци. Имаат иселеници во Беловиште, Требош и Вратница.
  • Стамен (7 к.), староседелци. Имаат иселеници во Прељубиште.
  • Басарковци (5 к.), староседелци. Имаат иселеници во Тетово (две семејства).
  • Китановци (1 к.), староседелци. Имаат иселеници во Белград (едно семејство), иселени преку Тетово.
  • Илини (5 к.), староседелци. Имаат иселеници во Америка (едно семејство).
  • Колепкаровци (3 к.), староседелци. Имаат иселеници во Белград (две семејства).
  • Трпчевци (4 к.), староседелци.
  • Чанчула (2 к.), староседелци.
  • Милановци (6 к.), староседелци. Имаат иселеници во Требош и во Скопје (едно семејство).
  • Тодоровци (3 к.), староседелци. Имаат иселеници во Требош.
  • Стееќевци (28 к.) доселени се од соседното сега албанско село Првце, овде се населиле на почетокот од XIX век. Го знаат следното родословие: Стојан (жив на 48 г. во 1940-тите) Трпе-Лубе-Симун-Паун, еден од нивните први доселеници, од Паун постои гранка Пауновци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство), Требош и во Гостивар (едно семејство).
  • Огњановци (3 к.) се викаат и Поповци, доселени се од Селце, сега раселено село над Одри.
  • Илијевци (1 к.) доселени се од Битолско. Имаат иселеници во Требош и Фалише.
  • Шегуловци (5 к.) доселени се од неко— село во Гостиварско.
  • Албански родови:
  • Колесњан (33 к.) први муслимански доселеници, доселени се пред околу 230 години од областа Љума во Албанија. Го знаат следното родословие: Бељул (жив на 48 г. во 1940-тите) Јусуф-Ислам-Раман-Рамадан-Зенел, еден од нивните први доселеници.
  • Кикировци (33 к.) по потекло се од фисот Бериш во северна Албанија. Потекнуваат од тројца браќа, го знаат следното родословие: Рамадан (жив на 73 г. во 1940-тите) Кадри-Фариз-Кадри, еден од браќата кој се доселил. Еден предок од овој род се оженил со некоја Ромка, која ја викале Кикировка. Имаат иселеници во Прељубиште.
  • Љума (27 к.) името го добиле по областа во северна Албанија од каде се доселиле. Го знаат следното родословие: Исни (жив на 42 г. во 1940-тите) Беџет-Зилбеар-Садик, еден од нивните први доселеници.
  • Ромски род: Осман (1 к.) рано доселени од Гнилане, дома зборуваат на албански.[9]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 2015 и 2016 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.739 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

  • Полошки Иселенички Средби - се одржуваат секоја година во летните месеци

Личности

  • Проф. Д-р Крсто Китановски (1943-), универзитетски професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје
  • Доц. д-р Љуљзим Муртезани (р. 1960) - универзитетски професор на педагошкиот факултет во Скопје[12]
  • Светозар - Светле Стамевски (Стив) - американски стопанственик и активист во Македонската заедница во САД[13] и почесен Македонски Сенатор на СМК
  • Ремзи Несими (1933-2018) — албанолог, јазичар, професор и истражувач;
  • Веселин Илиевски (1907-1943) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
  • Душан Крстевски (1910-1943)— македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads