Ремзи Несими
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ремзи Несими (албански: Remzi Nesimi; Одри, 25 декември 1933 - Скопје, 3 февруари 2018 ) - македонски албанолог, јазичар, професор и истражувач. Познат е по тоа што тој бил еден од најистакнатите албанолози во Македонија и воопшто во светот. Особено бил значаен неговиот придонес во филолошките науки во областа на дијалектологијата и промовирањето на јазичното богатство.
Remove ads
Животопис
Несими е роден 25 декември 1933 година во тетовското село Одри. Средно училиште завршил во Тетово, факултетот и последипломските студии на Универзитетот во Белград, а докторирал на Универзитетот во Приштина. Работел како лектор по албански јазик при катедрата за албански јазик и литература на Универзитетот во Белград од 1962 до 1964 година, па потоа како предавач по албанскиот јазик на Педагошката академија во Скопје во периодот од 1964 до 1975 година. Бил и професор на Катедрата за албански јазик и книжевност на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје од 1975 до 1999 година. тој е автор на неколку научни книги и над 200 статии во периодични и научни списанија.[1] Несими бил учесник – делегат и на Конгресот за правописот на албанскиот јазик во Тирана во 1972 година, којшто е сметан за најзначаен за оформувањето на стандардниот албански јазик, а каде што Несими го претставил рефератот „Процесот на унифицирање на литературниот албански јазик во Македонија“. Починал на 3 февруари 2018 година во Скопје. Почива во родното село.[2]
Remove ads
Награди
- 2021 - Орден за заслуги за Македонија (постхумно)[3]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads