Општина Богомила

поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Општина Богомилаmap
Remove ads

Општина Богомилапоранешна рурална општина во Македонија, создадена во 1996 година[2], а престанала да постои со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година, кога била припоена на Општина Чашка. Седиште на општината било селото Богомила[2].

За истоименото село, видете Богомила.
Општина Богомила
денес дел од Општина Чашка
Thumb

Поглед кон задружниот дом во селото Богомила, некогашно општинско седиште
Thumb

Границите на Општина Богомила во периодот 1996-2005 година
Општи податоци
СедиштеБогомила
РегионВардарски Регион
Основана1913, 1996-2004
Службен јазикмакедонски
Демографија
Население1252[1] жит.
Населени места
НародностиМакедонци
Самоуправа
Контактни податоци

Територијата на општина се наоѓала во областа Азот. Најголема река во општината била реката Бабуна. Општината се граничела со: Општина Долнени на југ, Општина Македонски Брод и Општина Самоков на запад, Општина Студеничани и Општина Велес на север, Општина Чашка на исток и Општина Извор на југоисток.[1]

Remove ads

Демографија

На пописот од 2002 година, Општина Богомила имала 1.252 жители. Следува табела на националната структура на населението[1]

Националност Вкупно
Македонци 1.192
Албанци 45
Турци 4
Роми 0
Власи 0
Срби 5
Бошњаци 0
останати 6

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads