Орљачка Планина

планина во Гребенско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Орљачка Планина (грчки: Όρλιακας, Орљакас) — планина во Гребенско, Егејска Македонија.[1][2]

Кратки факти Орљачка Планина, Највисока точка ...
Remove ads

Опис

Ова е долга тесна планина во западниот дел на Гребенско и сочинува дел од венецот Северен Пинд. На запад и север е одвоена од планинскиот комплекс Василица со превојот (1.300 м) Дова – Кандила и потокот Потамули, а реката Венетик ја образува нејзината граница исток и југ. На југгозапад се поврзува со планината Љагуна преку билото на Егзархос (1.300 м).[1]

Често планината погрешно се вклучува во венецот Лигос. Архаичното име Спилио(с) Σπίλο(ς) значи „стрмна карпа“. На некои други карти името Орљакас е обележано само на источниот крај на планината, над селото Спилио (960 м), а други во Орљачка Планина ги вклучуваат и најзападните височини (кои може да се разгледуваат самостојно), до врвот Кантила.[1]

Карпите се офиолити, малку варовници, конгломерати и песочници.[1]

Орљачка Планина е дел од мрежата на заштитени подрачка Натура 2000 (1310001).[3]

Стрмните падини на планината се погодни за искачување по карпи.[3]

До врвот се стасува од планинскиот пат кој ги поврзува селата Тиста (900 м) и Лавда (1.040 м) и минува близу до самиот врв.[3]

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads