Падалиште

село во Општина Гостивар From Wikipedia, the free encyclopedia

Падалиштеmap
Remove ads

Падалиште — село во Општина Гостивар, во областа Горен Полог, во околината на градот Гостивар.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Куќи во селото

Селото се наоѓа на крајниот југоисточен дел на територијата на Општина Гостивар, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Кичево.[2] Селото е планинско, сместено на просечна надморска височина од 920 метри. Од градот Гостивар, селото е оддалечено 21 километар.[2]

До селото води локален асфалтен пат, кој се издвојува од регионалниот пат 2231, кој всушност и завршува како асфалтиран пат во близина на селото.

Селото е планинско, се наоѓа на падините на планината Буковиќ. Околни села се Железна Река, Ќафа и Србиново. Водата за пиење до 1947 година се добивала од извори и од чешми. Тие се наоѓаат во самото село и во неговиот атар и се нарекуваат: Крој Китанит (Китанов Извор), Крој Мулини, Ѓура, Крој Салакут, Крој Печас, Крој Кокс, Крој Авмети, Крој Муаремит и други.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Краста, Мљак, Солиште, Ливаде Поројит, Мерешница, Кодра Мал, Гарванец, Село, Ара Алис, Марка Ливад (Маркова Ливада), Ара Појел, Фтосајна и Воре (Гробље).[3]

Падалиште зазема површина, која е поделена со долини, поради што маала и групи од по неколку куќи се наоѓаат на издвоени падини. Постојат четири главни маала: Граванец, Мерешница, Маала Ме Дисме (Средно Маало) и Маала Поштр (Долно Маало). Куќите во маалата не се групирани.[3]

Remove ads

Историја

Падалиште најпрвин било православно македонско село, што може да се заклучи по остатоци на црква, по името на селото, по некои топоними и по македонските иселени родови.[3]

Црквата се наоѓала под селото, а до 1947 година од нејзе се гледале рушевини. Македонците започнале да се иселуваат од селото под притисок на доселените Албанци и тоа го правеле во периодот на 1830-тите години. Најпрвин, Албанците го обесиле селскиот христијански кмет на мост, поради што останатите македонски родови се разбегале.[3]

Додека во селото имало Македонци, еден дел од атарот припаднал на пашите од родот Дерала, кои живееле во Тетово (Мемет-паша и други). Нивен бил и некогашниот падалишки ан. Подоцна, тоа земјиште пашите им го отстапиле на доселените Албанци.[3]

Remove ads

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 16,9 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 1.089 хектари, на пасиштата отпаѓаат 338 хектари, а на обработливото земјиште 213 хектари.[2]

Врз основа на составот на атарот селото Падалиште има мешовита земјоделска функција.[2]

Селото поседува своја железничка станица на линијата Гостивар-Кичево, а во негова близина се наоѓа и најдолгиот тунел во Македонија.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Железна Река живееле 220 жители, сите Албанци муслимани.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 600 Албанци.[5]

Падалиште преминало од средно во големо село, населено само со албанско население. Така, селото во 1961 година броело 881 жител, а во 1994 година бројот се зголемил на 958 жители.[2]

Пописот од 1991 година не бил воопшто одржан во селото Падалиште, бидејќи целото негово население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.[б 1]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 721 жител, од кои 717 Албанци, 1 Турчин и 3 останати.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 287 жители, од кои 251 Албанец, 2 Бошњаци и 34 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Падалиште е албанско село, а во него има мал број на исламизирани и албанизирани Македонци.[3]

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

  • Исламизирани и албанизирани Македонци: Марковци (14 к.), староседелци со старо презиме Токљевци, се делат на Џеловци и Незировци. Нивните куќи се наоѓаат во Средно Маало и Владовци (12 к.), староседелци, не се знае кога преминале на ислам. Нивните куќи се наоѓаат во Мерешница.
  • Муслимански Албанци: Муратовци (12 к.), по потекло од Љума, се доселиле во времето на тетовските паши, најпрвин биле во некое село во Полог, а потоа дошле тука на земјиште кое го добиле од пашите. Живеат во Мерешница; Али Маркут (17 к.), доселени од областа Матија во Албанија како католици. Основачот на родот се викал Алија Марк, предок од четврто колено (Ибиш жив со 60 години во 1947 година, Асип-Бајрам-Мустафа-Алија Марк). Откако дошол во Падалиште, основачот на родот преминал на ислам. За нив исто се говорело дека долги години го одржувале и христијанството во тајност; Гравенец (26 к.), по потекло од Љума од каде се иселиле околу 1830-тите (Сулејман жив на 50 години во 1947 година, Бешир-Суљо-Гафо, еден од доселените предци), куќите им се во истоименото маало; Вајља (7 к.), по потекло од Љума, имаат истоимени роднини во скопското село Дејковец, исто биле католици. Куќите им се во Долното Маало, а нивниот родослов е Метуш (жив на 50 години во 1947 година)-Касам-Исен-Исен Вајља, кој се доселил; Дановци (5 к.), имаат исто потекло како Муратовци, живеат во маалото Мерешница. Во селото дошле кон средината на XIX век: Зенун (жив на 30 години во 1947 година)-Идриз-Ајрула-Рамадан, основач на родот. Родовското име е изведено од Рамадан; Бајрам Османовци (2 к.), исто потекло како Дановци, куќите им се во Мерешница; Коковци (4 к.), по потекло од селото Реч во Љура, живеат во Средно Маало и Али Мурат (3 к.), по потекло од Албанија, живеат во Долно Маало.

Иселеништво

Од иселените Македонци денес се знае за следните: Сталевци (11 к.), Китановци (4 к.) и Дабевци (3 к.), иселени се во селото Железна Река. Иселени Македонци од Падалиште има и во Тумчевиште и Тетово. А исто така и во селото Бражогрнце кај Заечар (Србија). По потекло од Падалиште бил и македонскиот род Чупчеи (7 к.) во Горна Бањица, кои подоцна преминале на ислам и денес веќе говорат турски наместо македонски.[3]

Од Албанците се знае за следните иселеници: Селим (1 к.), иселени во селото Долна Бањица и Османовци (3 к.), живеат во Милетино.[3]

Remove ads

Општествени установи

Thumb
Подрачното основно училиште во селото

Самоуправа и политика

Кон крајот на XIX век, Падалиште било село во Гостиварската нахија на Тетовската каза на Отоманското Царство.

Селото се наоѓа во рамките на Општина Гостивар, која била значително проширена со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната помала Општина Србиново.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар.

Во периодот 1952-1955, селото се наоѓало во рамките на Општина Србиново, во која покрај Падалиште се наоѓале Железна Река, Куново, Србиново, Страјане, Трново и Ќафа. Во периодот 1950-1952 година, селото се наоѓало во тогашната општина Падалиште во која влегувале селата Ќафа, Железна Река и Падалиште.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0524 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 898 гласачи.[13]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[14]
Џамии[15]
Цркви[3]
  • Во минатото во селото имало црква, која се наоѓала под селото, од која имало рушевини до 1947 година
Споменици
Реки[16]

Личности

Родени во или по потекло од Падалиште
  • Адмир Мехмеди (р. 16 март 1991) — швајцарски фудбалски репрезентативец и германски прволигаш;[17]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads