Педри

From Wikipedia, the free encyclopedia

Педри
Remove ads

Педро Гонсалес Лопес (роден на 25 ноември 2002 година), познат како Педри, е шпански професионален фудбалер. Тој игра како централен играч од средниот ред за клубот од Ла Лига Барселона. Тој исто така игра и за репрезентацијата на Шпанија.[1] Во 2021 година, ја освоил наградата, Златно момче и го добил трофејот Копа, доделен од страна на ФИФА за време на церемонијата за доделување на Златната топка во 2021 година.[2][3]

Thumb
Педри во 2020 година
Remove ads

Ран живот

Педри е роден во Бајамар, Тенерифе, Канарски Острови.[4] Семејството на Педри се преселило во Тегеште, блискиот град, кога тој имал само 3 години. Лопес (Педри) се приклучил на УД Тегеште, почнувајќи како централен бек. На свои 12 години, Педри потпишал договор за ЦФ Хувентуд Лагуна, каде играл до 2018 година.[5]

Клупска кариера

Лас Палмас

Педри станал дел од младинската постава на Лас Палмас во 2018 година од Хувентуд Лагуна.[6][7] На 15 јули 2019 година, на само 16 години, потпишал професионален четиригодишен договор со клубот, промовиран во првиот тим од менаџерот Пепе Мел.[8]

Своето професионално деби го имал на 18 август 2019 година, на возраст од само 16 години, играјќи на домашен терен, при што неговиот тим претрпел пораз од 0-1 против Уеска во Сегунда дивизион.[9] Својот прв професионален гол го постигнал на 19 септември, со единствениот гол на натпреварот, кој придонел за победа на домашен терен против Спортинг Хихон и станал најмладиот стрелец во историјата на Лас Палмас со 16 години, 9 месеци и 23 дена.[10][11]

Барселона

На 2 септември 2019 година, Барселона постигнале договор со Лас Палмас за трансферот на Педри во Барселона, кој ќе важи од 1 јули 2020 година. Педри се согласил на двегодишен договор со каталонскиот клуб, кој платил 5 милиони евра за договорот, кој би се зголемил бидејќи исполнувал различни клаузули во неговиот договор. Педри, достигнал да игра во главниот тим за сезоната 2020-21, со дресот со број 16, го имал своето деби на 27 септември, заменувајќи го Филипе Кутињо во победата од 4-0 на домашен терен против Вила Реал во Ла Лига. Стартувал на 17 октомври во поразот со 0-1 на гости против Хетафе. На 20 октомври, Педри го постигнал својот прв гол за клубот на своето деби во Лигата на шампионите во УЕФА, со победата од 5–1 над Ференцварош во групната фаза, откако влегол како замена во 61. минута за Ансу Фати. На 7 ноември, во победата од 5–2 на домашен терен над Реал Бетис, го постигнал својот прв гол во Ла Лига по асистенција од Серхи Роберто.

На 6 јануари 2021 година, Педро постигнал гол со глава против Атлетик Билбао и го асистирал вториот гол на Барселона во победата од 3–2 на теренот на Сан Мамес.[12] На 17 април, Педри го освоил првиот трофеј во својата сениорска кариера откако Барселона го победила Атлетик со 4-0 во финалето на Купот на Кралот.[13] На 8 мај, со 18 години и 164 дена, Педри го имал својот 50-ти настап за Барселона во сите натпреварувања кога стартувал против Атлетико Мадрид на Камп Ноу, со што станал вториот најмлад играч кој стигнал до оваа пресвртница по Бојан. Кркиќ, имал 18 години и 3 дена кога постигнал 50 настапи.[14] Во октомври 2021 година, Лопес го обновил договорот со Барселона кој содржел рекордна клаузула за ослободување од 1 милијарда евра (1,57 милијарди долари).[15]

Педри успеал да ја освоии наградата Златно момче што ја доделува Tuttosport за најдобар играч во европскиот фудбал до 21-годишна возраст.[3] Следната недела, го освоил трофејот Копа за 2021 година, доделен од страна на Франс Фудбал, за најдобар играч во светскиот фудбал до 21 година.[16]

Го постигнал најбрзиот гол на Дерби на Барселона во 21 век на 22 Номеври 2021 година, постигнувајќи 75 секунди во изедначување 2-2 против Еспањол.[17][18]

На 14 април 2022 година, Педри се здобил со повреда на тетивата за време на вториот четвртфинален натпревар на Барселона во Лигата на Европа на утакмицата со Франкфурт, во кој каталонскиот клуб бил елиминиран. Последователно, било објавено дека Педри ќе го пропушти остатокот од сезоната.[19]

Својот 100-ти настап, Лопес го одбележал на 28 Јануари 2023 година. Неговиот 100-ти настап зема место во натпревар од Ла Лига против Жирона. Тој влегол во игра во 26. минута во замена за повредениот Усман Дембеле и го постигнал единствениот гол на натпреварот.[20]

Remove ads

Меѓународна кариера

Младинска кариера и рана сениорска кариера

Во 2020 година на 21 август, Педри бил повикан да игра за репрезентацијата на Шпанија до 21 година; тој подоцна го направил своето деби на 3 септември со победата на утакмицата со 1–0 на гостински терен над Македонија во квалификацискиот натпревар за Европското првенство за играчи до 21 година на УЕФА 2021 година.[21]

Лопес го добил својот прв повик во сениорскиот тим на Шпанија од селекторот Луис Енрике пред групната фаза од квалификациите за Светското првенство во ФИФА 2022 година.[22] Своето деби го имал на 25 март на натпреварот против Грција.[23]

Евро 2020

Во 2021 година на 24 мај, бил вклучен во 24-члениот тим на Луис Енрике за УЕФА Евро 2020.[24] На 14 јуни, момчето кое игра за каталонскиот клубот Барселона станал најмладиот играч што некогаш ја добил шансата да ја претставува Шпанија на Европското првенство, кога започнал со нерешениот резултат 0-0 против Шведска на возраст од 18 години, 6 месеци и 18 дена, соборувајќи го претходниот рекорд поставен од страна на Мигел Тендиљо на Евро 1980 година.[25] Педри Лопес станал најмладиот играч кој некогаш настапил во елминациските натпревари на Европското првенство кога започнал во осминафиналето против Хрватска, на возраст од само 18 години и 215 дена. Тој си постигнал не намерен автогол кога голманот на Шпанија, Унаи Симон не успелал да го контролира својот долг заден пас. Шпанија на крајот го добила натпреварот со 5-3 во продолжението.[26][27] Тој ги одиграл сите, освен само една минута од шесте натпревари на Шпанија, и имал големо влијание врз Шпанија која стигнала до полуфиналето, каде што за жал биле поразени со 4-2, на пенали од евентуалниот победник Италија. За време на последниот натпревар, имал 65 од 66 додавања.[28][29] За неговите феноменални изведби, бил избран за млад играч на турнирот,[29] и бил единствениот шпански играч на турнирот кој бил именуван во Тимот на турнирот.[30]

Летни олимписки игри 2020 година

Педри добил повик од страна на репрезентацијата на Шпанија за Летните олимписки игри 2020 година.[31] Потегот да се вклучи Педри во олимпискиот тим на Шпанија привлекло голем број на критики од Барселона, при што менаџерот Роналд Куман одлуката да го повика Педри на два меѓународни турнири во истото лето ја означил како „премногу“.[32] На 22 јули, одиграл цели 90 минути во отворањето 0–0 на Шпанија против репрезентацијата на Египет. Натпреварот бил 66-ти за Педри во таа сезона.[33] Во финалето, 73-тиот натпревар на Педри во сезоната, Шпанија претрпела минимален пораз од Бразил со 2-1 во продолжението.[34]

Светско првенство во ФИФА 2022 година

Педри бил именуван во тимот на Шпанија за Светското првенство во ФИФА 2022 година кое било одржано во Катар.[35] Тој стартувал во сите четири натпревари на Шпанија, а подоцна биле исфрлени од репрезентацијата на Мароко во осминафиналето на пенали.[36]

Remove ads

Стил на игра

Педри обично игра во средниот ред, што му овозможува да шета на теренот. Тој сака да ги зазема централните области и да работи меѓу линиите, иако е способен да се движи многу широко и да трча кон линијата на допир за да создаде шанси за соиграчите. Исто така знае многу да се жртвува за одбраната, навлегува длабоко во одбраната за да ја земе топката. Обично игра или на левото или на десното крило, па дури и со број 8.[1][37][38][39] Првично играл како крилен напаѓач, но подоцна бил преместен да игра на позиција централен среден ред, иако може да игра и како офанзивен играч за врска, како и во неколку други позиции во офанзивни и среден ред. Лопес, повремено бил користен како дефанзивен играч, па дури и како центарфор.

Педри е многу брз, интелигентен, креативен и напорен играч, кој е многу познат по неговите одлични технички вештини, контрола на топката, додавање, свесност и визија, како и неговата огромна способност да управува во доста тесни простори, да ги искористи празнините и игра на последната топка или продорни додавања, што го прави ефикасен плејмејкер.[40][41][42][43][44][45][46][47] Покрај тоа, тој исто така е високо ценет поради неговите вештини за дриблинг, неговата издржливост, неговата смиреност под притисок и неговата способност да игра со двете нозе.[1] Неговата улога била мецала во италијанските спортски медиуми.[48] Неговата мала рамка, квалитети, позиција и стил на игра наведуваат да се спореди со поранешните играчи на Барселона како Чави,[40][49] Андрес Инјеста,[50][51][52] Михаел Лаудруп,[52] и Лионел Меси.[47][53][54]

Remove ads

Статистика за кариера

Клуб

Обновено на натпревар одигран на 6 декември 2022 година[55]
Повеќе информации Клуб, Сезона ...

    Меѓународен

    Обновено на натпревар одигран на 6 декември 2022 година[56]
    Повеќе информации Репрезентација, година ...
    Remove ads

    Почести

    • Копа дел Реј: 2020–21 година [57]
    • Суперкуп на Шпанија: 2022–23 [58]

    Шпанија U23

    Индивидуален

    Remove ads

    Наводи

    Надворешни врски

    Loading related searches...

    Wikiwand - on

    Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

    Remove ads