Тестемелци

село во Општина Штип From Wikipedia, the free encyclopedia

Тестемелци
Remove ads

Тестемелци — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓало на западниот дел на територијата на Општината Штип, од десната страна на Брегалница, на надморска височина од 240 метри.[2]

Бидејќи околината на селото е сува, населението со вода за пиење се снабдувале со два бунара и извори во коритото на реката Брегалница.[3]

До самото село води земјен пат, кој се двои од локалниот пат до селото Доброшани, кој пак започнува во блиското село Сушево.

Атарот на селото Тестемелци се граничи со атарите на селата: на југ со Пенуш, на запад со Ново Село, на север со Доброшани и на југоисток со селото Скандалци.

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Дели Мара, Сари Баир, Чауш Ери, Кус, Уши, Поток, Косматица, Брегалница, Ѓокташ, Налбан, Сарикуш, Кимак, Грамада, Ташлак и Инџиџик.[3]

Remove ads

Историја

Тестемелци се смета за старо село. Во него најпрвин живееле православни македонски родови. Подоцна, во селото почнале да се доселуваат малоазиски Турци, а Македонците се иселиле.[3]

На смената на населението сведочат остатоците на православни гробишта, кои се наоѓале на ридот Машталак, во непосредна близина на селото. Остатоци од гробови исто така се среќаваат на месноста Инџиџик.[3]

Во 1912 година пред отпочнувањето на Балканските војни, селото било чисто турско. Тогаш, тоа имало 25 куќи со турско население, кое постепено се иселило.[3]

Remove ads

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 7,5 км2.[2] Поради поволните услови за пасење, основно занимавање на населението било сточарстовото.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Тестемелци живееле 90 жители, сите Турци.[4]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Тестеменци живееле 103 жители, сите Турци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Турци.[6]

Најмногу жители во селото биле запишани во 1953 година кога броело 124 жители, од кои 88 Турци, 22 Власи и 14 Македонци.[7]

Селото е целосно раселено по 1971 година, кога броело 73 жители, од кои 15 Турци и 58 останати (Власи).[7] По 1971 година, селото е целосно раселено.

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Според истражувањата од 1963 година, родови во селото се:

Турски

  • Доселеници: Шабанови (1 к.), Муртезанови (1 к.), Реџепи (1 к.) и Веис (1 к.) остаток од некогашните побројни турски родови. Последниот род е доселен од лакавичкото село Суво Грло.

Влашки

  • Доселеници: Атанасови (1 к.) првиот влашки род во селото, доселен во 1928 година; Костови (2 к.), Ташкови (1 к.) и Гудови (1 к.) доселени се во 1952 г.; Динови (2 к.), Миајле (1 к.) и Пушо Нако (1 к.).[3]
Remove ads

Самоуправа и политика

Кон крајот на XIX век, Тестемелци било турско село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Штип.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Три Чешми, во која покрај селото Тестемелци, се наоѓале и селата Батање, Врсаково, Доброшани, Долно Трогерци, Криви Дол, Сарчиево, Судик, Сушево, Тестемелци, Три Чешми и Чардаклија. Селото припаѓало на Општина Црвена Ѕвезда во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Врсаково, Доброшани, Криви Дол, Сарчиево, Судик, Сушево, Тестемелци и Црвена Ѕвезда.

Remove ads

Иселеништво

Турското население е иселено во Турција во два брана, едните во 1925 г. кога се иселиле 10 семејства, а другите за време на СФРЈ во 1955 г. Поголемиот дел од семејствата денес живеат во Акхисар и Истанбул.[3]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads