Мала планета

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мала планета
Remove ads

Мала планетаастрономско тело во орбита околу Сонцето и не претставува ни планета ниту пак комета.[б 1] Мали планети можат да бидат џуџестите планети, астероидите, тројанци, кентауриди, тела од Кајперовиот Појас, и други заднептунски тела.[1] Од 2016 година, се архивирани орбитите на 709.706 мали планети од страна на Центарот за мали планети, 469.275 од тие добиле постојани броеви (за целосен список, Погледајте индекс).[2]

Thumb
Ојлеров дијаграм на кој се прикажани видовите на тела во Сончевиот Систем.

Првата мала планета која е откриена е Церера во 1801 година. Поимот мала планета е во употреба уште од XIX векза да ги опише овие тела.[3] Поимот планетоид е исто така во употреба, особено за поголемите (планетарни) тела како што се оние кои Меѓународната астрономска унија (IAU) ги има наречено џуџести планети во 2006 година.[4][5] Исоториски, ппоимите астероид, мала планета и планетоид се повеќе или помалку синоними.[4][6] Ова поимување станало уште посложено со откривањето на бројни мали планети за орбитата на Јупитер, особено заднептунските тела, кои вообичаено не се сметаат за астероиди.[6] Малите планети кај кои ќе се забележи ослободување на гас се исто ткака двојно класифицирани и како комети.

Пред 2006 година, МАУ официјално го користела поимот мала планета. За време на состанокот во 2006 година, МАУ ги прекласифицирала малите планети и комети во џуџести планети и мали тела во Сончевиот Систем.[7] Телата се наречени џуџести планети ако нивната гравитација е доволно силна да постигне хидростатичка рамнотежа и да има елипсоиден облик. Сите останати мали планети и комети се наречени мали тела во Сончевиот Систем.[7] МАУ има изјавено дека поимот мала планета може сè уште да се користи, но се претпочита да се користи поимот мало тело во Сончевиот Систем.[8] Сепак, поради потребата од нумерирање и именување, се користи традиционалната разлика меѓу мала планета и комета.

Remove ads

Населеност

Стотици илјади мали планети се откриени во Сончевиот Систем а секој месец се откриваат нови илијадници мали планети. Центарот за мали планети има документирано над 160 милиони набљудувања и 723.367 мали планети, од кои 480.806 имаат добро познати орбити и им се доделени бројни вредности.[2][9] Од овие, 20.364 имаат официјални имиња.[2] Од јануари 2017 година, најниско неименуваната мала планета е (3708) 1974 FV1.[10] А од јануари 2017 година, нависоко именуваната мала планета е 458063 Густавомулер.[11]

Постојат различни населености од мали планети:

  • Астероидите, традиционално, се тела во внатрешниот Сончев Систем.[6]
    • Близуземските астероиди, се оние чии орбити се во внатрешноста на орбитата на Марс. Понатамошно постои подподелба на овие заснована на орбиталното растојание:[12]
      • Атири се оние чии орбити се во натрешноста на Земјиниот перихел, однсно се целесно во внатрешноста на орбитата на Земјата.
      • Атони се оние кои имаат големи полуоски помали од Земјиниот афел поголемо од 0,983 ае.
      • Аполони се астероиди со полуголема оска поголема од Земјината, и притоа имаат перихел на растојание од 1,017 ае или помало. Како и Атоните и Аполоните се астероиди кои ја пресекуваат Земјината орбита.
      • Амори се Близуземските астероиди кои се доближуваат на Земјината орбита од зад, но не ја пресекуваат орбитата. Аморските астероиди се поделени понатамошно на подгрупи, во зависност од тоа каде се наоѓа нивната голема полуоска меѓу Земјината орбита и астероидниот појас.
    • Земјини тројанци се астероиди кој ја споделуваат Земјината орбита и се гравитационо сврзани истата. Од 2011 година, единствениот познат е 2010 TK7.[13]
    • Марсови тројанци се астероиди кои ја споделуваат Марсовата орбита и се гравитационо сврзани со истата. Од 2007 година, се откриени осум такви астероиди.[14]
    • Астероиден појас чии членови следат скоро кружни орбити меѓу Марс и Јупитер. Ова се првичните и најдобро позната група на астероиди.
    • Јупитерови тројанци се астероиди кои ја споделуваат Јупитеровата орбита и се гравитационо сврзани со истата. Бројчено се претпоставува дека се изедначени со бројот на оние во Главниот астероиден појас.
  • Далечни мали планети, поим кои се користи за сите мали планети во надворешниот Сончев Систем.
Remove ads

Средби за именување

Поврзано

Белешки

  1. Телата (општо кентауриди) кои првично биле откриени и класифицирани како мали планети, но подоцна било потврдено дека станува збор за мали планети се смедтени едновремено како мали планети и комети. телата кои првично се откриени како комети не се вака класифицирани.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads