Полето

село во Општина Делчево From Wikipedia, the free encyclopedia

Полетоmap
Remove ads

Полето — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Делчево, на неколку километри од Делчево и припаѓа на неговата рурбална зона.[2]

Историја

Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]

Стопанство

За селото не се води катастарска евиденција, па затоа не може да се прикаже структурата на неговото земјоделско земјиште.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 194 жители, од кои 186 Македонци и 8 Роми.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 198 жители, од кои 192 Македонци, 2 Албанци, 1 останат и 3 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото:

Македонски

  • Доселеници: Цопевци (4 к.) доселени се во 1900 година од селото Цера; Коловци (4 к.) доселени се во 1903 година од селото Бигла; Мораци (3 к.) доселени се во 1916 година од селото Бигла; Јанкуловци (2 к.) доселени се во 1910 година од селото Бигла; Митревци (2 к.) доселени се во 1914 година од селото Моштица; Илијовци (3 к.) доселени се во 1919 година од селото Вратиславци; Папурица или Папурички (2 к.) доселени се во 1928 година од селото Костин Дол; Соколовци (1 к.) доселени се во 1931 година од селото Костин Дол; Мајмуно (1 к.) доселени се во 1931 година од селото Драмче; Стамболовци (2 к.) доселени се во 1932 година од селото Драмче; Чорбаџиовци (1 к.) доселени се во 1943 година од некое околно село.[10]
Remove ads

Самоуправа и политика

Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1950 година.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0595 според Државната изборна комисија.[11]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 109 гласачи.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 106 гласачи.[13]

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads