Робово (Пехчевско)

село во Општина Пехчево From Wikipedia, the free encyclopedia

Робово (Пехчевско)map
Remove ads


Робово — село во Општина Пехчево, во областа Малешевија, во околината на градот Пехчево.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на селото

Селото се наоѓа во областа Малешевија, во западниот дел на територијата на Општина Пехчево, од десната страна на реката Брегалница.[2] Селото е ридско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 860 до 900 метри.[2]

Атарот зафаќа простор од 20 км2. На него пасиштата заземаат површина од 819 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 698 хектари, а на шумите 449 хектари.[2]

Месности

Село Робово, како дел од Малешево, во Малешевската Котлина се наоѓа во северниот дел на десната страна на реката Брегалница, а се граничи од југ со реката Брегалница, со која Робовското Поле се одвојува од подрачјето на Владимирово и Мачево, од исток со подрачјето на Смојмирово и Умлена и тоа по левата страна на Стојков Дол, по Брестово до Синдрачка Долчина, преку Умленска Река, Широките Ливади, Вранево, потоа свртува на запад до Радовица и по Радовица до над месноста Никлевец. По спојувањето на двата пата од Робово до над месноста Војова Ливада и од Умлена над месноста Крсто Врви по патот до Дурчовец. Тука го пресекува Дурчовец и излегува на Тодевица, а потоа по патот за Нов Истевник (Махлите) и Тработивиште од Бејаз Тепе. Тоа е и најдолгата граница на робовскиот синор.

Од север границата почнува од Бејаз Тепе каде што се спојуваат четири синори – Робовски, Умленски, Истевнички и Разловечки. Северната гранива од Бејаз Тепе продолжува по десниот крак на Градус, меѓу Разлошките Валози и Пржаре. Тука таа го сече Градус, поминува на неговата лева страна, минува покрај Кривото Осое над Капева чешма и се искачува до Чокалица каде што се спојува со западната граница на робовскиот синор. Од Бејаз Тепе до Чокалица границата е заедничка со разливечкиот синор. Западната граница минува по вододелницата меѓу Градус и Тиновец (десна притока на Брегалница) до Грбавец. Од Грбавец таа врви источно од Момин Рид до под Чочевските и Черговските колиби (имоти), каде што е заедничка граница со синорот на селото Митрашинци. Оттука свртува на исток до Голема Полена, врви по сртот на Голема Полена и Големото Присое каде што каде што е заедничка граница со синорот на селото Будинарци. При крајот на Големото присое свртува на исток, го сече коритото на Гулем (Голем) Дол под Николчица, го сече коритото на Баџија под Толчарев камен и се искачува на Мачоские Рид. Врви по него, слегува источно од село Мачево и преку Бардачица излегува на коритото на Робовска Река. Тука врви по нејзиниот десен брег и преку Голчово Кладенец слегува до Бреганица. На меѓупросторот на Големото присое до Брегалница, каде што се спојува со јужната граница, таа е заедничка граница со синорот на Мачево.

Во овие граници синорот на Робово се простира на надморска височина од 790 метри при вливот на Робовска Река во Брегалница и до 1348 метри на Бејаз Тепе. Висинската разлика изнесува 558 метри.

Робовскиот синор граничи со 9 синори на околните села, односно со повеќе од половина од селата во Малешево, и тоа: Владимирово, Смојмирово, Чифлик, Умлена, Нов Истевник, Разловци, Митрашинци, Будинарци и Мачево.

Remove ads

Историја

Thumb
Војводата Христо Димитров – Кутрулја, деец на ВМОРО од Робово

Во 1900 година Гоце Делчев испраќа во Македонија неколку војводи на чети. Меѓу нив е и Тодор Иванов, како војвода на чета во Малешевско. На 20 јули истата година неговата чета е откриена од Турците кај селото Робово и почнува борба. Турците не успеваат да преземат куќата, каде што се наоѓа Тодор Иванов и ја палат. Иако му завршува муницијата, тој не се предава и загинува во огнот на куќата.

Во XIX век, Робово било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

За време на Српската окупација од 1912 г. до 1941 г. (подоцна од 1918 г. Кралство на Србите, Хрватите и Словенците; од 1929 г. до 1941 г. Кралство Југославија) Робово страда силно.[3] Од српските војници и жандарми убиени биле селаните Димитар Стојов, Андон Поп-Димитров, Христо Ангелов, Атанас Точев, Георги Зафирков, Димитар Крмаров и Георги Сивев. На Петре Малинов му биле опожарени 2 куќи и 6 плевни.[3]

Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Remove ads

Стопанство

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото имало 80 домаќинства, со 293 жители Македонци.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Робово имало 770 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Робово имало 960 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци.[7]

Селото е средно по големина, населено со македонско население, но со намалување на населението. Така, во 1961 година броело 773, а во 1994 година 476 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Робово живееле 426 жители, од кои 422 Македонци и 4 останати.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 266 жители, од кои 258 Македонци, 3 Срби и 5 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Remove ads

Општествени установи

Thumb
Подрачното основно училиште во селото

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Пехчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пехчево.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Робово, во која влегувале селата Мачево, Робово и Умлена.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Пехчевска градска општина, во која покрај селото Робово се наоѓале градот Пехчево и селата Будинарци, Митрашинци, Негрево, Умлена, Црник и Чифлик.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0022 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[15]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 249 гласачи.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 238 гласачи.[17]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква „Успение на Пресвета Богородица“
Археолошки наоѓалишта[18]
Цркви[19]
Споменици на НОБ
  • Биста на Јован К. Пранговски
  • Биста на Александар Е. Овчарски
  • Биста на Борис А. Зифовски
  • Спомен-плоча
Remove ads

Редовни настани

  • Голема Богородица (28 август) — селска слава, која се одбележува со турнир во мал фудбал и вечерна игранка.

Личности

Родени во Робово
  • Атанас Малинов (Малина) — деец на ВМРО
  • Паисиј Рилски (1861 или 1866-1932) — македонски свештеник и револуционер
  • Христо Димитров Кутруле (?-1905) — македонски револуционер
  • Зора Чичаковска Глигорова — учесник во НОВ на Македонија
Починати во Робово
  • Тодор Иванов (?-1900) — македонски револуционер

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads