Ракле
село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ракле — село во областа Раец, во Општина Прилеп, на патот помеѓу градовите Кавадарци и Прилеп.
Remove ads
Географија и местоположба

Ракле се наоѓа во источниот дел на Општина Прилеп, во горното сливно подрачје на реката Раец, на југоисточните падини на планината Бабуна. Селото е планинско и се простира на надморска височина од 700 м. Неговиот атар зафаќа површина од 13,7 км2.[2]
Историја

Во XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство. На 14 јули 1907 година. во близина на селото е водена познатата Битка на Ножот.
Стопанство
Селото има мешовита земјоделска функција. Во селскиот атар преовладуваат пасиштата на површина од 828 ха, на шуми отпаѓаат 407 ха, а обработливото земјиште зафаќа површина од 317 ха.[2]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ракле живееле 580 жители.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Ракле имало 616 жители.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ракли се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 90 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[6]
Ракле било средно по големина село според незначителните промени во бројот на население. Така, во 1961 година броело 269 жители, а во 1991 година бројот се намалил на 17 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, селото има само 7 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
Ракле е македонско село.
Според истражувањата од 1920-тите, Родови во селото се:
- Староседелци: Бојовци-Велковци (11 к.), Мангировци (5 к.), Пушевци (5 к.), Ржаровци (9 к.), Паровци (9 к.), Курпашовци (5 к.), Кишковци (4 к.), Богевци (1 к.), Царевичковци (2 к.) и Србовци (2 к.)
- Доселеници: Поповци (1 к.) доселени се од селото Никодин: Трипуновци (1 к.) доселени се од селото Попадија: Пемовци (1 к.) доселени се од селото Мрамор: Миновци-Карасановци (1 к.) доселени се од селото Никодин: Голевци (1 к.) доселени се од селото Попадија: Чеповци (1 к.) доселени се од селото Тројаци: Колевци (1 к.) доселени се од селото Топлица.[12]
Remove ads
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Прилеп од 1962 година. Претходно, во периодот од 1950 до 1952 година, тоа било дел од Прилепската околија; во периодот од 1952 до 1955 година било дел од Општина Тројаци; а во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во склоп на Општина Плетвар.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1429 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа на селото Никодин.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 5 гласачи.[14]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[15]
- Аништа — населба од римско време;
- Венци — населба од римско време;
- Грамаѓе — населба од римско време;
- Желкоец — осамени наоди од римско време;
- Кутлине — населба од неолитско и римско време;
- Маркови Круши — населба од римско време;
- Рамниште — населба од римско време;
- Ридот — неолитска населба;
- Старо Гумно — населба од неолитско и римско време;
- Улица — населба од римско време;
- Чаршија — старохристијанска баазилика; и
- Черењет — населба од римско време.
- Цркви
- Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква изградена во средината на XIX век.[16]
- Реки
- Ралковец.
Remove ads
Личности
Личности родени во Ракле:
Личности починати во Ракле:
- Љубица Богеска — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Панче Блажески — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads