Рамна
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рамна — село во Општина Битола, во областа Ѓават-Кол, во околината на градот Битола.
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Ѓават-Кол, во западниот дел од Општина Битола, од десната страна на реката Шемница.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 820 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено околу 17 километри.[2]
Атарот зафаќа површина од 7,3 км2. На него обработливото земјиште зазема простор од 310 хектари, на пасиштата отпаѓаат 267 хектари, а на шумите 112 хектари.[2]
Remove ads
Историја
Во XIX век, Рамна било село во нахијата Ѓават-Кол во Битолската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 5 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]
Стопанство
Селото има полјоделска функција.[2]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Рамна имало 440 жители, од кои 210 Македонци христијани и 230 Албанци муслимани.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Рамна се води како мешано село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 82 куќи.[5]
По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Рамна имало 486 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[7]
Селото е мало, коешто во 1961 година имало 299 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 86 жители, од кои 79 се Македонци и 6 Албанци.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Рамна имало 61 жител, од кои 53 Македонци, 7 Албанци и 1 останат.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 22 жители, од кои 12 Македонци, 9 Албанци, 1 останат и 11 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
Рамна е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.
- Староседелски родови: Јосифовци (12 к.), Лазаровци (5 к.), Савевци (5 к.), Митревци (4 к.), Димовци (3 к.), Ѓерасимовци (2 к.) и Филиповци (2 к.).
- Доселенички родови: Лозановци (4 к.) доселени се од околината на Ѓирокастро во Албанија, го знаат следното родословие: Стеван (жив на 72 г. во 1951 година) Неделко-Анаќија-Лозан кој се доселил со своите 5 синови. Од Ѓирокастро избегале од крв. Кога бил жив Неделко во Рамна се населиле Албанци муслимани; Базјаловци (7 к.) родот го основал Коте кој се доселил од селото Стрежево; Настевци (2 к.) имаат исто потекло како и Базјаловци; Карапетковци (4 к.) доселени се во турско време од Ѓавато; Чашунковци (1 к.) доселени се од селото Загориче воЖелезник; Анчевци (2 к.) и Ќуљумој (2 к.) однекаде се доселени пред 1912 година.
Албанци: Бесимовци (2 к.) доселени се во XIX век од некое место во Јужна Албанија.[14]
Remove ads
Самоуправа и политика


Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе биле придодадени поранешните општини, Бистрица, Кукуречани и Цапари. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Цапари.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Цапари, во која влегувале селата Рамна, Ротино, Српци и Цапари.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Кажани, во која покрај селото Рамна се наоѓале селата Гопеш, Доленци, Ѓавато, Кажани, Лера, Маловиште, Ротино, Српци и Цапари.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Дихово.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0209 според Државната изборна комисија, кое е сместено во задружниот дом.[15]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 29 гласачи.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 26 гласачи.[17]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[18]
- Вишна — црква и некропола од средниот век;
- Раменска Тумба — базилика од старохристијанско време; и
- Раменска Грмада — депо на монети од средниот век.
- Цркви[19]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква изградена во 1885, сместена во Горното Маало на селото;[14]
Личности
- Партизани[20]
- Илија Кркушевски (1929-1945) — партизан
- Цветан Митревски (1926-1945) — партизан
- Танас Лозановски (1922-1945) — партизан
Иселеништво
До 1951 година од селото имало иселеници во Битола (5 семејства), САД (18 семејства), Бугарија (1 семејство), Скопје (1 семејство) и во Србија (1 семејство).[21]
Иселеништвото продолжило и потоа и водело кон Битола, Скопје, Ресен, прекуокеанските земји (САД, Канада, Австралија), и низ Европа.[22]
Во 1912 година 70 до 80 албански семејства се иселиле од селото. Тие се населиле во Битола и во Турција.[14]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads