Карабичане
село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Карабичане — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.
Remove ads
Географија и местоположба
Историја
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Карабичане живееле 154 жители, сите Македонци.[2] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Карабичане имало 144 Македонци, патријаршисти.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[4]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 43 жители, од кои 37 Срби, 5 Македонци и 1 останат.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 20 жители, од кои 13 Срби и 7 лица без податоци.[6]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]
Родови
Карабичане е православно мешано село.
Според истражувањата од 1972 година, родови во селото се:
- Доселеници: Бојини (4 к.) доселени се од селото Никуљане. Го знаат следното родословие: Станко (жив на 72 г. во 1972 година) Димко-Јован, предокот кој се доселил; Црвенковци (7 к.) и Басмарци (5 к.) доселени се од селото Табановце. Во родот Црвенковци се знае следното родословие: Петар (Жив на 62 г. во 1972 година) Алексо-Стојко, основачот на родот. Родот Басмарци во Табановце припаѓал на родот Мушкини; Врањанци (6 к.) доселени се од селото Себрат кај Врање; Бубини (6 к.) доселени се од селото Проевце; Марушинци (5 к.) доселени се од селото Алгуња; Кечини (3 к.) доселени се од селото Думановце; Подкулајци (5 к.) и Дубоваци (2 к.) доселени се од селото Рамно; Милан (1 к.) доселен од селото Црна Река во Горна Пчиња.[8]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Постари иселеници има во Четирце (Делинци), Горно Коњаре (Миланови или Црвенкови), Проевце (Наскови), Младо Нагоричане (Карабичинци).
После Втората светска војна стапил посилен бран на иселување од селото.[8]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads