Долно Коњаре

село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia

Долно Коњареmap
Remove ads

Долно Коњаре — населба во Општина Куманово.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Населбата се наоѓа на територијата на Општина Куманово, недалеку од градот, во северен правец, на оддалеченост од околу четири километри и веќе припаѓа на рурбална зона на централното место. Селото е рамничарско, на надморска височина од 340 метри. Лежи непосредно до патот Куманово - Белград. Атарот зафаќа простор од 10,7 км2. На него доминира обработливото земјиште на површина од 935,3 ха, на пасишта отпаѓаат 30,9 ха, а на шумите 32,1 ха. Селото има полјоделска функција. Во него работи основно училиште до IV одделение, има продавници и угостителски објекти.

Remove ads

Историја

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Коњаре живееле 56 жители, сите Македонци.[2] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долно Коњаре имало 120 Македонци, патријаршисти.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.[4]

Според пописот од 2002 година во населбата живеат 1.286 жители од кои Македонци 669, Албанци 91, Срби 516, Роми 2 и 8 останати.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 330 жители, од кои 214 Македонци, 1 Албанец, 28 Срби, 1 останат и 86 лица без податоци.[6]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]

Повеќе информации Година, Македонци ...

Родови

Долно Коњаре е македонско-српско село.

Според истражувањата од 1965 година, родови во селото се:

Родови од Србија

  • Николиќи (1 к.) доселени се од селото Калово во Горна Пчиња; Јовановиќи (4 к.), Јовановиќи (3 к.), Цветковиќи 1 (2 к.), Цветковиќи (2 к.), Вучковиќи (1 к.) и Петровиќи (1 к.) доселени се од селото Рудиње кај Пирот; Манчиќи (6 к.) и Стојановиќи (3 к.) доселени се од селото Присијани кај Пирот; Марковиќи (3 к.) доселени се од во 1924 година од селото Каменик кај Пирот; Лазаревиќи (3 к.) доселени се во 1935 година од селото Темска кај Пирот; Божо (1 к.) доселени се од селото Опаје. А таму малку порано од околината на Пирот.

Родови од Македонија

  • Јаќимовиќи (1 к.) доселени се во турско време од селото Думановце; Спасовски (4 к.) доселени се во 1926 година од селото Петралица кај Крива Паланка; Стеванови (2 к.) доселени се од исто место со Спасовски, но овие се доселени 4 години подоцна; Симоновски (1 к.) доселени се во 1936 година од селото Гиновци кај Крива Паланка; Петковски (4 к.) доселени се во 1946 година од селото Радибуш кај Крива Паланка; Митровиќи (4 к.) и Накиќи (2 к.) доселени се од селото Рамно; Илија (1 к.) и Мара (1 к.) доселени се од селото Орах; Душан (1 к.) и Саво (1 к.) доселени се од селото Рамно; Добре (1 к.), Добре (1 к.) и Јордан (1 к.) доселени се од селото Малотино; Јаневи (1 к.), Љубе (1 к.) и Славко (1 к.) доселени се од селото Четирце; Стојанови (2 к.) доселени се од селото Рамно; Спасини (2 к.) доселени се од селото Пелинце; Боне (1 к.) доселени се од селото Облавце; Здравко (1 к.) доселени се од селото Никуљане; Петруш (1 к.) доселени се од селото Табановце; Петко (1 к.) доселени се од селото Радибуш кај Крива Паланка; Благоја (1 к.) доселени се од селото Жегљане.[8]
Remove ads

Општествени установи

Културни и природни знаменитости

Цркви[9]
  • „Вознесение Христово“ — главната селска црква. Камен темелник постевен на 29 мај 2014 година[10], а оветена веќе на 9 јуни 2016 година;[11]

Извори

  • М. Панов (1998) - Енциклопедија на селата во Република Македонија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads