Ревани

село во Костурско, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia

Ревани
Remove ads

Ревани (грчки: Διποταμιά, Дипотамија, до 1926 г. Ρέβανη, Ревани,[2] албански: Revani[3]) — село во Нестрамско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 379 жители (2021).

Кратки факти Ревани Διποταμιά, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа на 35 км западно од градот Костур, во подножјето на планината Алевица по која оди границата со Албанија. На север Ревани се граничи со Шак и Пончара, на запад со Божиград и Видово, на југ со Зеленград, а на исток со Грлени.

Историја

Во Отоманското Царство

Селото во минатото било населено со Македонци. Албанскиот фолклорист Фатос Рапај запишал предание за ридот Џумба е Шќипес (во превод Албански Рид) раскажано од албански преселници од Ревани, според кое на овој рид во селото било решено да се убие секој оној што зборувал на „наметнатиот“ македонски во период кога подрачјето го држеле Македонци и наводно го забраниле албанскиот. Следното утро говедарот на македонски ги повикал селаните да ја пуштат стоката, и затоа бил фатен и убиен на истиот рид за да биде пример за другите.[4] Случката во преданието веројатно е епизода од албанизацијата на Ревани и конфликтот на дојденците со недоволно поалбанчените македонски мештани.

На крајот од XIX век Ревани било албанско муслиманско село. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Ревани имало 340 жители Арнаути муслимани.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ревани е претставено како чисто „турско“ село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 50 куќи.[6] Во тоа време муслиманското население неретко се нарекувало „турско“ без оглед на етничката припадност.

Грчката статистика од 1905 г. го прави истиот пропуст, претставувајќи го Ревани како „турско“ со 400 жители.[7]

На етничката карта на Костурското братство за 1912 г. Ревани се води како албанско село.[8]

Пред 1923 г. во селото живееле следниве семејства: Аметовци (Ametlinj), Беголевци (Begolli), Бекулевци (Bekulli), Беулковци (Beulka), Чочоревци (Çoçore), Фаровци (Faro), Гелевци (Gjeli), Корчаревци (Korçarë), Личревци (Liçre), Ликовци (Lika), Манголевци (Mangollinj), Маноковци (Manoku), Нухревци (Nuhre), Пашовци (Pasho), Пупевци (Pupe), Родевци (Rrodhe), Џуревци (Xhurre), Јустревци (Ystre) и Зипревци (Zypret).[3]

Во Грција

За време на Балканските војни селото било окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 689 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 721.[9] Во 1920-тите муслиманското население на Ревани е иселено во Албанија, а на негово место са доведени понтски Грци од Турција. Во 1928 г. тие броеле 438 лица[10] или според други податоци 128 семејства сочинети од 493 лица.[11]

Во 1925 г. е изградена црквата „Успение на пресв. Богородица“.[12]

Во 1926 г. селото е преименувано во Дипотамија (во превод Дворечие).

За време на Втората светска војна во Ревани е создадена вооружена чета на грчките дојденци за терор врз македонското население.[13]

За време на Граѓанската војна селото не пострадало.[9] 13 деца се изнесени од државата како деца-бегалци.[10]

Жителите произведуваат жито, леќа и тутун, а се занимаваат и со сточарство.[9]

Повеќе информации Албански топоними во Ревани пред иселувањето во 1923 г., Име ...
Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads