Грлени
село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Грлени (грчки: Χιονάτο, Хионато; до 1928 г. Γκέρλιανη, Герљани[2]) — село во Нестрамско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 114 жители (2021).
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа на 18 км југозападно од градот Костур, до границата со Албанија, под самиот врв Алевица. На север се граничи со Шак, на југ со Нестрам, на исток со Чука, а на запад со Ревани. Според албански извор, пред иселувањето на муслиманите во 1923 г. Грлени ги имало следниве маала: Еврејско (Evrelinj), Оџино (Hoxhallinj) и Потурјачко (Poturjak/u).[3]
Историја
Во Османлиското Царство
Селото се спомнува во османлиски дефтер од 1530 г. под името Грлани со 15 христијански семејства и едно муслиманско.[4] На крајот од XIX век селото било чисто македонска населба во Рупишката нахија на Костурската каза. Населението се состоело од Македонци-муслимани, исламизирани во немирните години за време на Али-паша Јанински.[5] Според Стефан Верковиќ, во втората половина на XIX век во Грлени (Герлени) имало 102 домаќинства на Македонци-муслимани, од кои 340 жители биле од машки пол.[6][7]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) вп 1900 Грлени имало 600 жители Македонци-муслимани.[6][8]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Грлени се води како чисто „турско“ село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 120 куќи.[9] Треба да се напомене дека тогаш исламизираните Македонци биле нарекувани „Турци“.
Според грчка статистика, во 1905 г. селото имало 600 жители, повторно погрешно наречени „Турци“.[10] Според Георги Константинов Бистрицки, Грлени пред Балканските војни имало 150 македонски муслимански куќи.[6][11]
На етничката карта на Костурското братство за 1912 г. Грлени е означено како македонско-турско село.[6][12]
Селото испратило башибозук кој ги запалил и пљачкосал соседните македонски христијански села за времето на Илинденското востание.[13]
Според албански извори, убиени биле семејствата: Абдулаховци (Avdullahrët), Џаминковци (Caneminkat), Геговци (Gegallarë), Хаџинуровци (Haxhinurret), Хусевци (Huset), Ибочевци (Iboçanrë, уништена од Грците во 1913 г.), Лаљовци (Lalellarë), Латовци (Latollarë), Манчевци (Mançellarë), Маневци (Manellarë), Манговци (Mangollarë), Мишевци (Misellarë), Мулачевци (Mullaçrët), Моловци (Mullalinj), Потурјаци (Poturjakë), Ќазимовци (Qazimllinjtë), Ќосевци (Qosellarë), Шаневци (Shahellarë), Тарелинтовци (Tarellinjtë), Узуновци (Uzunët), Џимовци (Xhimallarë или Xhima) и Згуровци (Zgurollarë или Zguro).[3]
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Грлени имало 130 куќи на Власи муслимани.[14] Според него, овие Власи под притисок на Али-паша Јанински биле присилени да го прифатат исламот и да прејдат од сточарски на земјоделски живот.[15]
Во Грција
За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 700 жители, а на пописот од 1920 г. заведени се 738 лица. Во 1920-тите година по сила на Лозанскиот договор муслиманското население на селото е иселено во Турција, а на негово место се доведени грчки дојденци од Мала Азија, кои во 1928 броеле 323 лица[16] или според други податоци, 87 семејства со вкупно 331 лице.[17] Во 1928 г. селото е преименувано во Хионато, во превод снежно.[18]
Во 1925 г. е подигната црквата „Св. Никола“.[19]
По Втората светска војна дел од жителите се населиле во побогатите напуштени македонски села во околината.[5]
За време на Граѓанската војна во селото се формирани банди од грчки дојденци кои ги тероризирале околните македонски села.[5]
Единадесет деца од Грлени се изнесени од државата како деца-бегалци.[16]
Жителите одгледуваат жито и леќа, а делумно е развиено и сточарството.[5]
Remove ads
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads