Шак

село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Шак
Remove ads

Шак (грчки: Κομνηνάδες, Комнинадес; до 1927 г. Σιάκι, Сјаки, албански: Shagu) — село во Нестрамско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 74 жители (2021).

Кратки факти Шак Κομνηνάδες, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа на 25 км западно од градот Костур, во подножјето на планината Алевица по која оди границата со Албанија.[2] На север Шак се граничи со Брачани, на југ со Ревани, на исток со Долно Папратско и Горно Папратско, а на запад со Пончара. До 1923 г. селото било сочинето од следниве маала: Ватан (Vatan/i), Горно Маало (Mëhalla e Lartme), Долно Маало (Mëhalla Poshtme) и Коч-маало (Mëhalla Koçillerë).[3]

Remove ads

Историја

Во Отоманското Царство

Ова место порано било македонско, што се гледа од повеќе топоними во селото, но во даден период мештаните се истиснати и/или претопени од Албанци. Се смета дека името потекнува од албанското Shën Jak (Шен Јак), т.е. Свети Јаков, кое постепено се слеало во Шак.[4] Може да се претпостави дека „Св. Јаков“ била црква или друг вид на христијанско свето место пред албанизацијата на селото.

Во селото има зачувана куќа од 1880 г.[5]

На крајот на XIX век Шак било албанско муслиманско село. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 Шак имал 550 жители Арнаути муслимани.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Шак е претставен како чисто „турско“ село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 80 куќи.[7] Истовремено Шак е означен како чисто албанско муслиманско село во Горичката каза на Горичкиот санџак со 20 куќи.[8]

Во 1902 г. изедникот Зулфо од Шак е убиен од ВМОРО во Косинец.[9]

За време на Илинденското востание селото испратило башибозук кој ги палел и пљачкосувал соседните македонски села.[10]

Грчка статистика од 1905 г. го претставува селото како „турско“ со 600 жители.[11] Во тоа време муслиманското население неретко се нарекувало „турско“ без оглед на етничката припадност.

На етничката карта на Костурското братство за 1912 г. Шакъ се води како албанско село.[12]

Пред 1923 г. во селото живееле следниве семејства: Бекирановци (Beqiranj), Чековци (Cekaj), Доколовци (Dokollarë), Хоџовци (Hoxhanj), Јаевци (Jajai), Карамановци (Karamanë), Лупачевци (Llupaçe), Маледевци (Maledhi), Менгеровци (Mangerrë), Манлиневци (Manllinj), Муладилетовци (Mulladilet), Наковци (Nako/t), Ќуланевци (Qylanet), Шејлевци (Shejlerë), Топалевци (Topalli), Џаџолиновци (Xhaxhollinjtë), Џуровци (Xhurre) и Џуралиновци (Xhurrallinj).[3]

Во Грција

За време на Балканските војни селото било окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 632 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 690.[2]. Во 1924 г. жителите на Шак се иселени во Албанија, а на нивно место се доведени грчки доселеници од Турција, кои во 1928 г. броеле 244 лица[13] или според други податоци 67 семејства сочинети од 266 лица.[14]

Во 1926 г. селото е преименувано во Комнинадес.[15]

Во 1932 г. на местото на џамијата е изградена црквата „Рождество на пресв. Богородица“.[5]

За време на Граѓанската војна жителите на селото пребегале во посигурни села.[2] 27 деца се изнесени од државата како деца-бегалци.[16] По нормализирањето на состојбата бројот на жители опаднал бидејќи многу жители се преселиле во напуштените македонски села чија земја е поплодна.[2]

Повеќе информации Албански топоними во Шак пред иселувањето во 1923 г., Име ...
Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads