Режановце

село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia

Режановцеmap
Remove ads

Режановце — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Жеглигово, оддалечено на 5 километри северозападно од градот Куманово. Во крајниот источен дел на атарот е сместен спортско-воениот аеродром „Аџи Тепе“.

Историја

Режановце е населено уште од железното време за што сведочат две археолошки наоѓалишта.

Селото се споменува во опширен пописен дефтер од 1570 година, како мулк на принцезата Елалди-Хатун, ќерката на султанот Мехмед I. Селото било дел од Ќустендилскиот санџак, Кратовската каза и нахија Нагоричане, каде биле забележани 12 муслимански семејства, 40 христијански семејства, 24 неженети и 4 вдовици христијани. Вкупниот данок на селото изнесувал 9688 акчиња.[2]

На сред село, источно од местото Крст, се наоѓа старата зграда, која ја викаат чифлик. Таа е голема зграда. Првобитно била долга 35, а широка 15 метри. Долниот, подрумскиот дел е ѕидан со камен, ќерпич и кал. На истиот се ставени дебели греди и душеме. Горниот дел е ѕидан до половина со ќерпич и кал, а втората половина е соѕидана со печени цигли-тули и кал. Потоа, има таван, а на него поткровје. Од источната и западната страна, од спратот до билото, ѕидот е ѕидан со печени цигли и кал. Чифликот е на две води. Ќерамичките се донесени од Солун. И на истите пишува ТСОЛИНКИ. Чифликот има 8 соби. Тој бил сопственост на Сала-ага. Изграден е околу 1880 година. Подрумскиот дел служел за сместуваље на добитокот, а горниот дел-спратот за живеење. Во 1939 година Сали-ага му го продал чифликот на Борис Јовановски за 15.000 динари. Едната половина од чифликот опстојувала до денешно време, но била срушена со граната во Воениот конфлит од 2001 година. А како последен господар на чифликот се сметал Ќемал-паша што извесно време бил валија во Босна.

Воденичарска Маала

Режановце во 1920 година имало околу 20 куќи. Куќите биле групирани во Горна и Долна маала. Турските богови ја имале најубавата земја во селото. Уште имало чифчии, кои ја обработувале земјата и плодовите ги давале на боговите. Турците продавале на православните земја, но за големи пари. Ама тие тешки пари малку ги имало. А чифчиите одвај преживувале со своите семејства. А покрај селото имало многу убави ниви-површини. Владимир,Милан и Бошко Спасиќ, познати како Поптасини, живееле во Горни Стаевац. Тешкиот живот ги натерал Милан и Бошко да заминат на печалба во Америка. Во Америка биле во 1909 до 1921 година. Милан и Бошко работеле во Америка 12 години и кога се вратиле сакале да се иселат од Горни Стаевац, па така трагајќи по Куманово го нашле Режановце и нашле место и им се бендисало и го купиле местото од Асана-бег за 10 оки злато. Тие на оваа површина имале и воденица. А во 1945 година семејството Воденичарци имало околу 24 члена.

Remove ads

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци и 150 Албанци.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото живеат 705 жители, од кои: 661 Македонец, 1 Албанец, 1 Турчин и 42 Срби.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 577 жители, од кои 442 Македонци, 16 Албанци, 18 Срби, 4 останати и 97 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови

Режановце е македонско село, а порано во него имало и Роми и Албанци.

Според истражувањата од 1965 година, родови во селото се:

Македонски родови

  • Митковци (Староседелци), Вератци (6 к.), Лејци (6 к.), Стрезовци (6 к.), Исовчани (5 к.), Вртешкови (3 к.), Муљаци (3 к.), Лукарци (3 к.), Врбаци или Шкрци (3 к.), Куркови (1 к.) и Ѓулеви (1 к.) ова се најстарите родови во селото. Возможно е да се староседелци; Црно Спасини (3 к.) доселени се од селото Лопате; Моравци (2 к.) доселени се од селото Жуинце кај Прешево; Кокошињаци (7 к.) доселени се од селото Табановце; Говедарци (9 к.) доселени се во 1918 година од Коњари; Шопови (3 к.) доселени се после Првата светска војна од селото Стајевци во Горна Пчиња.

Православни Роми

  • Моравци (7 к.) доселени се од селото Доброшане кај Гнилане во Косово; Слупчанци (3 к.) доселени се од селото Слупчане; Коњушки (1 к.) доселени се од селото Коњух.

Албански родови

  • Зарбичани (1 к.) доселени биле од селото Зарбинци во Новобрдска Крива Река; Белановци (3 к.) доселени биле од селото Белановце.[10]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[11]

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads