Рудник (Велешко)

село во Општина Велес From Wikipedia, the free encyclopedia

Рудник (Велешко)map
Remove ads

Рудник — село во Општина Велес, во околината на градот Велес.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Историја

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Рудник живееле 360 жители, од кои 3640 Македонци и 20 Турци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Рудник имало 408 Македонци, од кои 280 патријаршисти и 128 под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Македонци.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото имало 42 жители, сите Македонци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, од кои 6 Македонци, 1 Србин и 2 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

Рудник е македонско село.

Според истражувањата од 1929 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Станковци кои се делат на Мерџовци (1 к.), Ѓуровци (2 к.), Бурчевци (4 к.), Грковци (9 к.) и Павлевци (2 к.), потоа, Чакаревци (2 к.), Шарковци (5 к.), Гоговци (2 к.), Бошковци (4 к.), Мишевци (1 к.), Бучуковци (1 к.) и Мечови (1к)
  • Доселеници: Анчевци (3 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Каласлари; Басаровци (4 к.) доселени се од селото Сопот; Шумантевци (2 к.) доселени се од селото Иванковци; Шабановци (6 к.) доселени се од Крушје; Кушевци или Србиновци (1 к.) доселени се од Иванковци; Петковци (1 к.) доселени се од некое село во Овче Поле; Домазетовци (1 к.) доселени се од селото Лугунци; Дамчевци (1 к.) потекнуваат од домазет кој дошол во 1918 година од селото Злести во Дебрца. Овде влегол во родот Шабановци.[11]
Remove ads

Општествени установи

  • Црква „Св. Никола“

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2190 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект сопственост на здравковиќ росанда. Во ова избирачко место е опфатено и селото Ветерско и Лугунци.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 31 гласач.[13]

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[14]
  • Гумења — населба од римско време
  • Каменица — населба и топилница од доцноантичко време

Редовни настани

Личности

Родени во Рудник
  • Панче Бурчевски (? - 14 септември 1942) - македонски борец
  • Перо Грковски (? - 14 септември 1942) - македонски борец
  • Андреја Басаровски (? - 14 септември 1942) - македонски борец
  • Атанас Димовски (? - 14 септември 1942) - македонски борец
  • Душан Димитриевски (? - 14 септември 1942) - македонски борец
  • Јован Басаровски (15 август 192221 март 1943 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Починати во Рудник
  • Камка Тоцинова од Велес (? - 14 септември 1942) - македонски борец
  • Амед Лојков од с. Иванковци (? - 14 септември 1942) - македонски борец

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads