Сачево
село во Општина Струмица From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сачево — село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.
Remove ads
Географија и местоположба
Сачево се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 7 километри.
Надморската височина во селото е 216 метри а површината на селото изнесува 305 ха.
Селото граничи со Куклиш, Свидовица, Муртино, Робово, Градско Балдовци, Дабиле.
Историја
Стопанство
Претежно занимање на населението е земјоделство. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 236 ха[2].
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сачево живееле 280 жители, сите Македонци.[3] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Сачево имало 280 Македонци, патријаршисти.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[5]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 540 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 443 жители, од кои 418 Македонци, 1 Албанец и 24 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1839 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 436 гласачи.[13]
На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 435 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
- Црква Св.Илија
- Селска чешма
Редовни настани
Личности
- Гале Галев (р. 11 февруари 1943) - македонски правник, универзитетски професор и поранешен министер за образование во владата од 1998 година
Култура и спорт
- ФК Сачево
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads