Гале Галев
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гале Галев (Сачево, 11 февруари 1943 ) — македонски правник, универзитетски професор[2] и поранешен министер за образование во владата од 1998 година.
Remove ads
Животопис
Галев е роден во струмичкото село Сачево на 11 февруари 1943 година. Основно образование завршил во родното место, а учителска школа во Штип во 1963 година. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1968, каде што магистрирал (1979) и докторирал на тема „Слободата на договарањето како еден од основните принципи на договорното (облигационо) право во социјалистичка Југославија“ во 1989 година. Во 1971 година бил избран за асистент, во 1979 за предавач, во 1989 за доцент, во 1994 за вонреден и во 1999 година за редовен професор на областа „Граѓанско право и индустриска сопственост“.
Бил проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од 1996 до 1998 година и министер за образование и наука во Владата на Македонија од 1999 до 2000 година. Бил декан на Правниот факултет во Скопје од 2004 до 2008 година[3]. Тој е еден од втемелувачите на Централниот регистар на Македонија и на Европскиот кредитен трансфер-систем на Правниот факултет во Скопје. Бил претседател на Државната комисија за подготовка на Законот за облигационите односи од 1998 до 2001 година и учествувал во изработката на повеќе законски проекти од областа на сопственичките односи, денационализацијата, залогот, договорната хипотека, централниот регистар и високото образование. По негова иницијатива Правниот факултет „Јустинјан Први“ станал дел од регионалните постдипломски студии по Европското деловно право, организирани на 13 високообразовни институции од Југоисточна Европа. Во рамките на Европскиот кредит трансфер систем на високото образование, како декан на Факултетот, ја промовирал и ја реализирал идејата „Учебник за секој студент“ со што издавачката факултетска продукција била подигната на над 40 нови изданија годишно, кои по правило се донирале на судентите. Во јули 2009 станал претседател на Комисијата за помилување[4]. Член е на издавачкиот одбор на списанието „Правник“[5].
Remove ads
Библиографија
Објавил над 100 научни труда од областа на граѓанското право.
- Облигационо право - практикум, Скопје, 2001;
- Двесте години од донесувањето на Цоде цивил (1804-2004), Скопје, 2005;
- Извори и начела на облигационото право, Скопје, 2007;
- Облигационо право, Скопје, 2008 (соавтор со проф. д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска).
- Актуелните прашања за државата и правото на Република Македонија и Руската Федерација
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads