Сајта

село во Нигритско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Сајтаmap
Remove ads

Сајта (грчки: Λαγκάδι, Ланкади; до 1927 г. Σαϊτά, Сајта[2]) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција. Населението брои 132 жители (2021).

Кратки факти Сајта Λαγκάδι, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се ноаѓа во северните падини на Орсова Планина, околу 8 км југоисточно од општинскиот центар Нигрита, на надморска височина од 410 м.[3]

Историја

Во Отоманското Царство

Селото првично било сместено на неколку километри јужно од денешната местоположба, во пазувите на Орсова Планина. Од ова село денес е зачувана црквата „Успение на Пресвета Богородица“ од 1730 г.[4]

Во XIX век Сајта било грчко село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Сајта (Saïta) имало 35 домаќинства со 118 жители Грци.[5]

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Сајта:

Сајта: христијанско село; жителите се Грци, 7 часа од градот.[6]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Сајта, исто така растурено село, југоисточно од Жервохор. Сместено е на врвот на планината, поради што има малку обработливо земјиште. Повеќето од жителите се овчари по планината. Од Сајта до Сер има 10 часа, до блиско Жервохор има 3 часа. Патот е каменлив, тесен и блатест. Грчка црква и 40 грчки куќи.[7]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Сајта имало 150 жители Грци.[8] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Сајта имало 210 Грци и во селото работело грчко училиште.[9]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 187 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 195 лица.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Ланкади (Λαγκάδι).[2]

За време на Граѓанската војна (1947-1949) селото наполно настрадало и било напуштено од своите жители, поради што во пописот од 1951 г. е заведено како напуштена населба. По крајот на војната селото е подигнато околу 3 км северозападно од старата местоположба.[3]

Remove ads

Стопанство

Населението одгледува компири, жито и други земјоделски производи, како и костени, со кои обилува ридско-планинскиот атар на селото. Внимание му се посветува и на сточарството.[3]

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Во 1928 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 15 квадратни километри.[3] Општината Сајта подоцна била приклучена во општината Хункос, која била укината во 1997 година и станала дел од општината Тахино, која во 2011 година станала дел од поголемата општина Визалтија.

Селото припаѓа на општинската единица Тахино со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Визалтија, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Хункос, во кој влегува и селото Хункос.

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads