Секавец

село во Нигритско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Секавецmap
Remove ads

Секавец (познато и како Сjaкавец, Саковча, Сјакавче; грчки: Λιβαδοχώρι, Ливадохори; до 1927 г. Σακάφτσια, Сакафција или Σακάφτσα, Сакафца[2]) — село во Нигритско/Долноџумајско, Егејска Македонија, денес во Општина Долна Џумаја на Серскиот Округ, Грција. Населението брои 420 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.[3]

Кратки факти Секавец Λιβαδοχώρι, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 20 км западно од градот Сер и на 17 км северно од Нигрита, во североисточното подножје на Богданска Планина, на надморска височина од 20 м.[3]

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Секавец било македонско село во Серската каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Сакафча (Sakaftcha) имало 75 домаќинства со 169 жители Македонци и 48 муслимани.[4][5]

Во 1889 година Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Секавец:

Секавец - чифлик, жителите се христијански Македонци, од Нигрита на 3 часа.[6]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Секафче, на 412 на запад од Сер, до реката. Блатеста земја но плодна за памук и сусам. Патот е мачен кога врне. Грчка црква. 40 македонски куќи.[7]

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Сјакавче имало 360 жители, сите Македонци.[4][8] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Секавец имало 600 Македонци под врховенство на патријаршијата и во селото работело грчко училиште.[4][9]

Во Грција

За време на Првата балканска војна Секавец е окупиран од Бугарија, но по Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 374 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 327.[3]

Во 1924 година, во селото се населиле 44 бегалски семејства (вкупно 189 бегалци), така што селото станало мешана населба.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Ливадохори (Ливадохори).[2]

Селото многу настрадало и во Втората светска војна, кога македонското население било принудно иселено во Бугарија и Југославија, а на нивно место биле населени бегалци од попасивните села.[3]

Remove ads

Стопанство

Населението одгледува фуражни растенија, памук и други индустриски култури, произведува жито и други земјоделски производи, а внимание му посветува и на краварството.[3]

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Во 1927 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 10,3 квадратни километри.[3] Општината Секавец била приклучена во општината Орљак во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Долна Џумаја.

Селото припаѓа на општинската единица Орљак со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Долна Џумаја, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Секавец, во кој е влегува и Долно Караџово.

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви

Личности

Родени во Секавец

Починати во Секавец

  • Дине Арабаџиев (? - 1908) — револуционер на ВМРО

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads