Сива боја

From Wikipedia, the free encyclopedia

Сива боја
Remove ads

Сива бојабоја во помеѓу црната и белата, неутрална или ахроматска (букв. „безбојна боја“).[2] Ова е бојата на облачното време, пепелта и оловото.[3]

Кратки факти Сива, Општоприфатен симболизам ...
Remove ads

Оптика на сивата боја

Во ликовната уметност, сивата традиционално се добивала со мешање на црна и бела боја. Потоплите сиви бои ги добивале со додавање на малку црвена, а за постудените додавале малку сина. Уметникот добива сива боја и со мешање на две комплементарни бои како портокалова и сината.

Денес сивата на екраните и телевизорите се добива користејќи го моделот RGB. На црн екран, црвената, зелената и сината светлина при полна јачина даваат бела боја. Намалувајќи ја јачината, се добиваат разни нијанси на сива.

Во печатарството, сивата обично се добива по моделот CMYK, користејќи синозелена (цијан), магента, жолта и црна. До сива боја се доаѓа со употреба на црна и бела, или пак со мешање на подеднакво количество на синозелена, магента и жолта. Највеќето сиви нијанси имаат студен или топол изглед. Топлиот се добива со додавање на жолта, портокалова или црвена, додека пак студените имаат додадено зелена, сина и виолетова.[4] Кога нема никаква додавка, бојата се нарекува „неутрална сива“, „ахроматска сива“ или просто „сива“. Сликите што се состојат само од црна, бела и сиви нијанси се нарекуваат монохромни, црно бели или сиво нијансирани.

Thumb
топла сива студена сива
измешана со 6% жолта. измешана со 6% сина.
Remove ads

Сивата во животинскиот свет

Thumb
Сива чапја

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads